Прогонување на христијаните во Римското Царство
Римјаните раните христијани ги нарекувале атеизти, безбожници поради нивното одбивање да ги прифатат римските богови[1] Така, честопати христијаните поради својата религија биле убивани или осудувани на смрт на кое тие одговарале на властите “Вие можете да не убивате, но нам не можете да ни нанесете зло[2]
Нерон
уредиПрв император кој започнал со прогонување на христијаните бил Нерон, еден од најжестоките римски цареви (54-68). Како повод за прогонување на христијаните послужил големиот пожар кој се случил во Рим во 64 година. Од пожарот бил уништен поголем дел од градот, а илјадници биле лишени од своите домови. Прогонот започнал на 18 јули. Од четиринаесет реони во градот останале само четири. Според некои научници, самиот пожар бил предизвикан од Нерон.
Нерон како главни причинители за пожарот ги обвинил христијаните. Претходно, самата римска заедница се однесувала студено кон апостол Павле бидејќи неговото движење се сметало за автентично како онаа во Ерусалим. Сепак, Посланието на Павле кон Римјаните предизвикало брзо ширење на христијанството во Мала Азија.
Според Такит, Нерон најпрвин самиот потврдил дека уапсените биле христијани. Потоа, водејќи се од информациите добиени од нив, голем број на други христијани биле осудени, но не поради наводно подметнување на пожар туку поради антиопштествени намери. Такит во својата книга Римски Анали јасно ги опишал омаложувањата над христијаните:
„ | Некои, облечени во кожа од диви животни, беља распарчени од кучиња: други беа распнати или претворени во факли, што ги палеа по поѓањето на ноќта, за да служат како светилки. Нерон ги отстапи своите градини за спектаклот и организираше претстави во Циркусот.... | “ |
Жртви на ова гонење станале апостол Петар и апостол Павле.
Диоклецијан
уредиДиоклецијанските прогони или Големите прогони, претставуваат назив за поредните големи прогони на христијаните од страна на властите во Римското Царство. Тие започнале кон почетокот на 4 век, а името го добиле според тогашниот римски цар Диоклецијан, еден од владетелите во тогашната тетрархија.
Во тоа време, четворицата императори, Диоклецијан, Максимијан, Галериј и Констанциј Хлор, издале едикт според кој секој граганин морал да се придржува кон римските обреди. Подоцна, овие едикти биле насочени против христијанското свештенство, кое пак довело до конфискација на нивните имоти и палење на црковните книги и текстови. Неговиот страв отишол дотаму што кога разбрал дека во Палестина постојат потомци на цар Давид од страв да не му го земат престолот наредил да бидат донесени во Рим, но кога разбрал дека како христијани не очекуваат земно царство, дека се сиромашни и земјоделци ги ослободил.
Гонењата на Домицијан не биле само од религиозен карактер, туку и од политички, па така, многу римски граѓани под обвинение дека примаат „безбожнички и јудејски обичаи“ биле убиени, а нивниот имот предаден на државата. Под безбожници се подразбираат христијаните. Во овој период христијаните сè уште не биле разликувани од евреите. Прогоните биле различни по интензитет и се преименувале во различни делови од империјата, на запад во Британија и Галија, каде прогоните биле делумно со мал интензитет, и на исток каде прогоните биле најжешки.
Како жртви од овој период најпознат е Флавиј Климент, роднина на самиот импертор.
Трајан
уредиТрајан се смета за еден од најспособните императори на Римското Царство. Во негово време, Римското Царство доживеала најголема распространетост по територија. Во негово време започнало христијаните да ги сметаат за религиозна група различна од евреите – но истата не можела да биде припоена кон дозволените религии.
Во 99 година царот Трајан донел Указ против тајните здруженија, иако истиот не бил дирекно насочен против христијаните, сепак тие и не сакајќи ги исполнувале условите за да бидат сметани за тајни здруженија: се собирале тајно и на тајни места бидејќи биле гонети. По овој указ, Трајан бил приморан да издаде друг указ кој се однесувал директно на христијаните, а на барање на проконзулот на Витинија, Плиниј Младиот. Во Витинија имало многу христијани во тој период, па проконзулот се обратил до царот кој наредил христијаните да не смеат да бидат гонети од страна на институциите на државата, но доколку некој ги изведе пред суд да бидат судени и убедувани да се откажат од христијанството, во спротивно следувала смрт.
Самиот Трајан очигледно не ги сметал христијаните за толку голема опасност да мора државата самата да ги гони. Секое непочитување на императорската и државната власт за него било доволен повод некој да плати со својот живот за ваквото непочитување. Како жртви од овој период се издвојуваат Симеон Ерусалимски и Игнатиј Богоносец.
Адријан
уредиЗа време на царот Адријан состојбата на христијаните не се изменила од онаа во времето на неговиот претходник со таа разлика што Адријан донел Декрет со кој се забранувало да се убиваат христијани на барање на разбеснета толпа и се барало строго почитување на судската постапка и запазување на сите судски формалности. Уште било посочено дека доколку се увтрди дека се работи за лажно обвинение, обвинителот бил казнуван.
Антонин Пиј
уредиЗа време владеењеето на Антонин Пиј, во 155 – 156 година бил запален Поликарп Смирнски. Традицијата вели дека огнот бил подготвен и запален од страна на незнабошците и јудејците со неверојатна брзина, но самиот Поликарп бил неверојатно смирен. Самиот си ги соблекол алиштата и обувките, принел благодарствена молитва на Бога за честа да пострада маченички, неговата смиреност и храброст биле толку големи што кога сакале да го оковаат за столбот од кладата тој им рекол: „Не ме оковувајте. Оној Кој ми дал сила да го издржам огнот, тој ќе ми даде и сила да останам неподвижен на кладата“. Огнот бил запален, но пламенот образувал свод на Поликарп и воопшто не го допирал, по ова еден од оние кои го потпалиле огнот со меч го убил епископот по што неговата крв го изгасила огнот.
Наводи
уреди- ↑ Андреј Курајев, Поради што биле христијаните прогонувани во паганскиот свет (српски)
- ↑ „Валентин Свенцицки, О промислу и слободи воље“. Архивирано од изворникот на 2008-05-13. Посетено на 2011-04-17.