Светозар Вукмановиќ – Темпо

југословенски политичар


Светозар Вукмановиќ – Темпо (српски: Светозар Вукмановић – Темпо; 14 август 1912, Подгор, Цетиње, Црна Гора6 декември 2000, Режевиќи, Петровац, Црна Гора) — југословенски револуционер, учесник во НОВ, општествено-политички деец на СФРЈ и народен херој на Југославија.

Светозар Вукмановиќ
Svetozar Vukmanovic Tempo.jpg
Роден Светозар Вукмановиќ
3 август 1912
Подгор, Цетиње, Црна Гора
Починал 6 декември 2000
Режевиќи, Петровац, Црна Гора
Националност Црногорец
Познат револуционер, комунист, истакнат член и активист на СКЈ
Занимање правник
Сопружник Милица Сариќ-Вукмановиќ

БиографијаУреди

Светозар Вукмановиќ бил роден на 3 август 1912 година во селото Подгор во близина на Цетиње во Црна Гора. Светозар е роден во угледно селско семејство. Неговите родители биле Никола и Марија (Пејовиќ) Вукнамовиќ, и едно од четирите деца. Браќата на Светозар биле Ѓуро и Лука, а сестра му се викала Милица. Еден период неговиот татко работел во рудник во Северна Америка, а потоа се вратил во Црна Гора и се занимавал со земјоделство. По формирањето на Кралството Југославија во 1918 година, татко му бил уапсен и лежел 2 години затвор.

Основото образование го завршил во родното село со одличен успех. Против волјата на неговиот татко, Светозар се запишал во гимназијата во Цетиње, каде бил неговиот постар брат. За време на средношколските денови тој бил член на книжевна дружина, а во осмото одделение бил и претседател на книжевната дружина. По завршувањето на средното образование тој заминал за Белград со својот братучед, каде се запишал на правниот факултет при Белградскиот универзитет. Дипломирал во 1935 година.

Бил член на СКОЈ и на КПЈ.

Бил избран за член на ЦК на КПЈ на Петтата земска конференција во 1940 година. Во 1941 станал член на Воениот комитет на КПЈ, а потоа и на Врховниот Штаб на НОВ и ПОЈ. Како делегат на ЦК на КПЈ пристигнал во Македонија во втората половина на февруари 1943 година и ја спроведувал политика по однос на поврзувањето КПМ со КПЈ.

Неговото делување во Македонија е контроверзно, поради сомневањата дека тој имал влијание во ликвидирањето или отстранувањето на многу видни македонски граѓански и комунистички лидери.

Публикации и одликувањаУреди

Вукмановиќ е носител на Партизанска споменица 1941, поголем број југословенски ордени и медали, меѓу кои Орден на јунак на социјалистичкото делување, Орден за народно ослободување, Орден на партизанската ѕвезда, Орден за заслуга за народот и др. На 20 декември 1951 година е одликуван со Орден за народен херој на Југославија.

Вукмановиќ објавил поголем број книги, а позначајни се:

  • „Стопанскиот развој и социјалистичката изградба“ („Привредни развој и социјалистичка изградња (1948—1958)“) - одбрани говори и статии, Белград, 1964.
  • „Актуелни проблеми на интеграцијата“ („Актуелни проблеми интеграције“), Белград, 1965.
  • „Како и зошто е поразено народноослободиелното движење во Грција“ („Како и зашто је народноослободилачки покрет Грчке поражен“), Белград, 1950.
  • „Мемоари - Револуција која тече 1-3“ („Мемоари - Револуција која тече 1-3“), Белград, 1971.
  • „Борба за Балканот“ („Борба за Балкан“), Загреб, 1981.
  • „Мемоари - Револуција која тече 4-7“ („Мемоари - Револуција која тече 4-7“), Белград, 1985.
  • „Дали четниците на Дража Михајловиќ се фашистички или антифашистички или само колаборационалистичко движење“ („Да ли су четници Драже Михаиловића фашистички или антифашистички или само колаборационалистички покрет“), Белград, 1990.
  • „Писма од Режевиќи“ („Писма из Режевића“), Цетиње, 1992.

ГалеријаУреди

ЛитератураУреди

  • Светозар Вукмановић Мемоари Револуција која тече. „Комунист“, Београд 1971. година
  • Енциклопедија Југославије (књига осма). „Југословенски лексикографски завод“, Загреб 1971. година.
  • Војна енциклопедија (књига десета). Београд 1975. година.
  • „Народни хероји Југославије“.. (1975). Београд: Младост.
  • Марић, Миломир (1987). Деца комунизма. Београд: Просвета. ISBN 978-86-7159-007-0 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  • Pavlowitch, Stevan K. (2008). Hitler's new disorder: the Second World War in Yugoslavia. Columbia University Press. ISBN 978-0-231-70050-4.

Надворешни врскиУреди