Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
ноември
октомври
септември
август

Елена Дембо (родена во 1983) — руска шахистка, која настапува за Грција, а во минатото има настапувано за Израел и Унгарија.

Научила да игра шах на тригодишна возраст, на 17 години станала женски велемајстор, а на 19 меѓународен мајстор. Најголемите успеси ги има постигнато на континенталните и светските натпревари во различни категории, на кои има освоено вкупно 8 медали.

Освен како шахистка, Елена Дембо е и познат шаховски тренер и автор. Прочитајте повеќе


јули

Хосе Раул Капабланка (1888—1942) — кубански Шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практички без да направи грешка. На официјалните партии на високо ниво (по 1909 година), Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден. Прочитајте повеќе


јуни

Алексеј Троицки (1866-1942) — руски шаховски композитор, теоретичар и автор, кој се смета за основоположник на современата уметност на компонирањето на шаховски композиции.

Троицки се родил во Санкт Петербург, а по професија бил шумар. Се посветил на анализата на различните завршници и создавањето на композиции со истата содржина. Особено е значаен по анализата на завршницата со крал и два коња против крал и пешак, при што како плод на неговиот труд, денес теоретска единица од односната анализа, во негова чест, е наречена Троицкиева линија. Прочитајте повеќе


мај
Арпад Ело
Арпад Ело

Арпад Ело (1903-1992) — унгарско-американски физичар, статистичар шаховски мајстор со еврејско потекло. Тој е создавачот на Ело рејтинг системот, кој бил именуван по него, а има широка примена во игрите за двајца, како што е шахот.

Арпад Емрик Ело се родил во Еѓазаскесо, во близина на градот Папа во Унгарија. Кога имал само 10 години, неговото семејство се преселило во САД. Ело дипломирал на факултетот за природни науки при универзитетот во Чикаго. Во периодот од 1926 до 1949 година, тој работел како професор по физика на универзитетот Маркет во Милвоки. Ело бил и шаховски мајстор, кој во 1930-тите бил најсилниот шахист во Милвоки, кој во тоа време бил еден од водечките шаховски градви во САД. Прочитајте повеќе


април

Василиј Иванчук (роден во 1969) — украински шаховски велемајстор.

Иванчук се вбројува меѓу најдобрите шахисти во светот уште од 1988 година, кога на листата според Ело рејтингот го зазел второто место, но досега во ниту еден наврат не бил светски првак.

Во 2002 година, Иванчук играл меч за светски првак, во кој загубил од сонародникот Руслан Пономариов, а од 2007 до 2008 бил светски првак во брзопотезен шах. Освојувач е и на два златни медали во конкуренција на шаховските олимпијади во 1990 и во 2004 година. Истата 2004 година, Иванчук го освоил златниот медал на поединечното европско првенство. Прочитајте повеќе


март

Веселин Топалов (роден во 1975) — бугарски шаховски велемајстор и поранешен светски првак според ФИДЕ (2005-2006).

Топалов станал светски првак според ФИДЕ во 2005. Во 2006, во мечот за обединување на титулите според ФИДЕ и ПША, Топалов загубил во меч против Владимир Крамник, меч во кој го обвинил противникот за консултирање за време на партиите. Во мечот за предизвикувач на светскиот првак, кој се одржа од 16 до 28 февруари 2009 во Софија, Топалов го победил Гата Камски, со што станал предизвикувач на светскиот првак и во април 2010 одиграл меч за светски првак против светскиот првак Вишванатан Ананд во кој загубил. Прочитајте повеќе


февруари

Михаил Чигорин (1950-1908) — познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во 20 век.

Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на двапати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.

Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит. Прочитајте повеќе


јануари

Ашот Наданјан (роден во 1972) — ерменски шаховски меѓународен мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер. Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Надданјан вовел нова варијанта во Гринфедовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.

Според шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 поени, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 поени. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе