Социјална екологија
Социjалната екологиja е теорија развиена од Мјуреј Букчин во шеесеттите години од дваесеттиот век. Според таа теорија, сегашните еколошки проблеми се длабоко вкоренети во социјалните проблеми, особено во доминирачките, хиерархиски, политички и економски системи. Исто така, на тие системи не може да им се дава отпор преку поединечни акции како што е етичкото потрошуваштво, туку со етичко размислување и колективна активност засновани на радикални демократски идеали. Ставен е акцент на односите на луѓето со природата, заедно со важноста на поставувањето на социјалните структури што ќе го имаат тоа предвид.
Преглед
уреди„Социјалната“ компонента на теоријата доаѓа од ставот дека речиси сите светски еколошки проблеми потекнуваат од социјалните проблеми. Социјалекологистите сметаат дека сегашните еколошки проблеми не може да се разберат, камо ли да се разрешат, без притоа да се решаваат проблемите внатре во општеството. Тие сметаат дека, освен оние еколошки проблеми предизвикани од приридни катастрофи, причините на најсериозните еколошки проблеми на XX-от XXI-от век се економски, етнички, воени, и сл.
Социјалната екологија е поврзана со идеите и делата на Мјуреј Букчин, кој пишувал на тие теми од педесеттите па сè до неговата смрт. Често тие теми ги комбинирал со револуционерниот Социјален анархизам. Неколку негови дела се: Пост-оскуден анархизам, Кон еколошко општество, Екологијата на слободата, и др.
Социјалната екологија ги лоцира корените на еколошката криза во односите на доминација помеѓу луѓето. Доминацијата на природата е гледана како производ на доминацијата внатре во општеството, но оваа доминација ги достигнува кризните пропорции под капитализмот. Со зборовите на Мјуреј Букчин:
„Поимањето дека човекот мора да доминира над природата се појавува директно од доминацијата од човек на човек... Тоа не беше така додека постоеше односот на органската заедница... не се распадна во пазарни односи со што самата планета беше сведена на ресурс за експлоатација. Оваа тенденција која трае со векови го пронаоѓе својот најлош развој во современиот капитализам. Должејќи на наследната натпреварувачка природа, буржоаското општество не само што ги врти луѓето едни против други, туку и масите на човештвото против природниот свет. Како што луѓето се претворени во комодитети, така и секој аспект на природата е претворен во комодитет, ресурс што треба да се произведе и истргува нерзумно. ... Ограбувањето на човечкиот дух од страна на пазарот е паралела на ограбувањето на земјата од страна на капиталот“
— Мјуреј Букчин, Пост-оскуден анархизам, стр. 24-25