Плутон (џуџеста планета)

(Пренасочено од Плутон (планета))

Плутон (симболи: ⯓[1] и ♇[2]) — џуџеста планета во Сончевиот Систем, официјално означена како „134340 Плутон“. Откриена е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо. На конгресот на Меѓународниот астрономски сојуз одржан на 24 август 2006 г. за првпат е дефиниран поимот планета. Според оваа дефиниција, Плутон не претставува планета и оттогаш официјално се вбројува во групата на џуџести планети. Со оваа одлука е одредено дека Сончевиот Систем има само осум планети. По големината, Плутон е помал од седум месечини кои кружат околу други планети во Сончевиот Систем: (Месечината, Јо, Европа, Ганимед, Калипсо, Титан и Тритон). Пречникот на Плутон е 2.274 км. Тој орбитира на просечна оддалеченост од 5.913.520.000 км (39,5 ае) од Сонцето. Времето потребно за да го заобиколи Сонцето (или должината на неговата планетарна година) изнесува 248,54 Земјини години. Плутон околу својата оска се завртува за 6,39 Земјини денови. Полупречникот на Плутон не е познат со сигурност, а неговата вредност од 1.137 км е со грешка од +/-8 км, односно 1%.

Плутон Астрономски симбол на Плутон
Плутон, фотографиран од леталото Нови Хоризонти во 2015
Откривање
ОткривачКлајд Томбо
Откриено18 февруари 1930
Ознаки
ЦМП-ознака134340 Плутон
Наречена по
Плутон
џуџеста планета
Орбитални особености
Епоха J2000

Плутон има три месечини: Харон (откриен во 1978 година), со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште три помали месечини: Никта и Хидра (откриени во 2005) и S/2012 P 1 (откриен во 2012).[3]

Месечини

уреди

Харон

уреди
 

Најголемата месечина на Плутон, Харон, е откриена во 1978 година. Иако заедничката маса на Плутон и Харон е точно одредена (со помош на точни мерења на периодот и полупречникот на орбитата на Харон) поединечните маси на Плутон и Харон тешко е да се пресметаат бидејќи тоа бара да се одредат взаемните движења околу заедничкото тежиште коешто е многу тешко да се измери заради малите димензии и оддалеченоста од Земјата. Односот на нивните маси е некаде помеѓу 0,084 и 0,157. Харон орбитира на 19.640 км од Плутон, а пречникот му е 1172 км. Неречен е според ликот од старогрчката митологија кој ги пренесувал мртвите преку реката Стикс во подземниот свет. Пред да биде откриен се сметало дека Плутон е многу поголем, бидејќи матните слики од Плутон и Харон заедно изгледале како еден голем објект.

Полупречникот на Харон не се знае со голема точност. Вредноста од 586 км има грешка од +/- 13 км, повеќе од 2%. Неговата маса и густина исто така не се точно познати.

Плутон и Харон се уникатни и по тоа што не само што Харон ротира синхроно, туку и Плутон. Затоа тие цело време се свртени со иста страна еден кон друг. Харон е најголемата месечина во однос на матичната планета во Сончевиот Систем, поради тоа и се јавува меѓусебната ротација на двете тела.

Составот на Харон не е познат, но неговата мала густина (околу 2 гр/см³) укажува дека можеби е сличен како сатурновите мразести месечини. Неговата површина веројатно е прекриена со воден мраз. Интересно, тоа е прилично различно од Плутон. Харон нема атмосфера.

Температура, состав и атмосфера

уреди
 
Плутон

Температурата на површината на Плутон варира помеѓу -235 и -210 °C (38 до 63 Келвини). Гледано низ телескоп потоплите региони се оние кои визуелно се забележуваат како потемни.

Составот на Плутон не е познат, но неговата густина (околу 2 гр/см³) укажува дека веројатно е мешавина од 70% карпи и 30% воден мраз, многу налик на Тритон. Светлите региони на површината веројатно се прекриени со мраз од азот со помали количества цврст метан, етан и јаглерод моноксид. Составот на потемните региони на површината на Плутон не е познат, но се претпоставува дека е праисториски органски материјал или фотохемиски реакции поттикнати од космичките зраци.

Атмосферата на Плутон, се состои најмногу од азот со и мала количина на јаглерод диоксид и метан. Таа е екстремно ретка бидејќи притисокот на површината е само неколку микробари, кои не се доволни да ја задржат атмосферата. Атмосферата на Плутон постои како гас само кога Плутон е близу својот перихел, а поголемиот дел од плутоновата година атмосферските гасови се замрзнати на неговата површина. За време на перихелот дел од гасовите го напуштаат, а можеби и влегуваат во интеракција со Харон.

Плутон како тема во популарната култура

уреди
  • „Билет во еден правец за Плутон“ (One-Way Ticket To Pluto) - песна на американската панк-група „Дед Кенедис“ (Dead Kennedys) од 1986 година.[5]

Наводи

уреди
  1. JPL/NASA (2015-04-22). „What is a Dwarf Planet?“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 2022-01-19.
  2. John Lewis, уред. (2004). Physics and chemistry of the solar system (2. изд.). Elsevier. стр. 64.
  3. „Откриена е петта месечина околу Плутон“. Скопско астрономско друштво. 12 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 13 јули 2012.
  4. „Hubble Finds Two Chaotically Tumbling Pluto Moons“. hubblesite.org. HubbleSite – NewsCenter. June 3, 2015. Посетено на June 3, 2015.
  5. Discogs, Dead Kennedys ‎– Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)