Книжевност за деца

(Пренасочено од Писател за деца)

Книжевност за деца е посебна книжевна област со свои идеи, воспитни и уметнички обележја. Книжевноста за деца е наменета за најмалиот читател или слушател, за деца од 2-15 години (или нешто повеќе). Овде спаѓа книжевноста создадена од деца, или детската книжевност, и делата создадени за деца.

Историски преглед Уреди

 
Хаклбери Фин

Проучувачите на книжевноста за деца се согласуваат дека почетоците на овој вид литература треба да се бара во стариот век, иако тогаш не егзистирала во денешна смисла. Во процесот на воспитување на децата долго време се користела народната книжевност. Како едно од првите дела напишани за деца се сметаат приказните за животните под наслов „Панчатантра“ (во пет книги), чиј автор е индискиот мудрец Вишнушарман. Збирката е напишана околу 300 година од нашата ера и им била наменета на младите принцови и децата со благородничко потекло. Преку приказните за некојси крал и неговите тројца несериозни синови, децата требало да се подучат на животната мудрост.

Од византиската книжевност, таа збирка е пренесена и во нашата средновековна книжевност, позната под насловот „Стефанид и Ихмилад“. Тоа време во Грција биле популарни басните на Езоп, кои имаат една строга воспитна улога. Но речиси никој од писателите не ги потпишувале своите дела дека се за деца.

Дури и Шарл Перо своите сказни формално ги пишувал за возрасни, но тој сепак се смета за клучна личност во историјата на книжевноста за деца.

Во 1872 година постои обид на Глигор Прличев да објави збирка од 12 песни под наслов „Воспитание или наратствени песни“, но не се објавени. Оваа збирка е објавена во 1966 година во „Разгледи“, со коментари на Гане Тодоровски.

Романи Уреди

Се разликуваат:

Наводи Уреди