Хаклбери „Хак“ Фин — измислен лик, создаден од Марк Твен, кој за првпат се појави во книгата „Авантурите на Том Соер“ и е главен јунак и раскажувач на продолжението, „Авантурите на Хаклбери Фин“. Тој има 12 или 13 години за време на првото дело, а една година повеќе („тринаесет или четиринаесет или така некако“, Поглавје 17) во продолжението. Исто така, Хаклбери Фин е раскажувач во делата „Том Соер во странство“ и „Том Соер, детектив“, две кратки продолженија на првите две книги.

Цртеж на Хаклбери Фин со зајак и пиштол, од оригиналното издание на книгата од 1884 година.

Животопис

уреди

Хак е син на градскиот скитник и алхохоличар, „Пап“ Фин, негов татко. Спиејќи на скалите пред вратата кога времето е убаво, во празно големо буре кога има бури и живеејќи од тоа што го добива од другите, Хак живее живот на сиромашен скитник. Авторот метафорично го нарекува „малолетниот, отфрлен човек од селото“. Авторот го опишува Хак како „мрзелив и разуздан и вулгарен и лош“, квалитети поради кои сите деца од селото му се восхитуваа, иако нивните мајки „ искрено го мразат и го избегнуваат“ .

Хак е архетипски невин, способен да ја открие „вистинската“ работа што треба да ја направи и покрај тоа што преовладуваат теологијата и менталитетот со предрасуди на југот во тој век. Најдобар пример за тоа е неговата одлука да му помогне на Џим да побегне од ропството, иако верува дека поради тоа ќе оди во „пеколот“.

Неговата појава е опишана во Авантурите на Том Соер. Облечен е во облека за возрасен човек, што најверојатно ја добил како милостина и како што Твен го опишува, „тој трепереше во партали.“ Има искината шапка и панталони кои се држат само на една презрамка.

Мајката на Хак е мртва и тетката на Том, Поли, го нарекува „сиротото нешто без мајка“. Во Авантурите на Том Соер, Хак му признава на Том дека се сеќава на неговата мајка и на немилосрдните кавги меѓу неговите родители, кои се ублажија само со нејзината смрт.

Хак, како син на насилен алкохоличар, е строго против алкохолот. Сепак, зад ова, тој има безгрижен живот, слободен од општествени норми и правила, крадејќи лубеници и кокошки и „позајмувајќи“ чамци и цигари. Поради неговото неконвенционално детство, Хак не добил скоро никакво образование. На крајот на Авантурите на Том Соер, Хак е посвоен од вдовицата Даглас, која го праќа на училиште, како благодарница што и го спасил животот.

Во Авантурите на Хаклбери Фин, продолжението на Авантурите на Том Соер, вдовицата се обидува да го „цивилизира“ ново богатиот Хак. Пап ќе го киднапира Хак, но тој успева да ја изглуми сопствената смрт и да побегне на островот Џексон, каде што случајно го сретнува Џим, роб кој беше поседуван од сестрата на вдовицата Даглас, госпоѓа Ватсон.

Џим бега, бидејќи наслушнува дека госпоѓа Ватсон планира да „го продаде на југ“ за осумстотини долари. Џим сака да побегне во Охајо, каде што може да најде работа и евентуално да ја купи слободата на своето семејство. Двајцата земаат сплав по реката Мисисипи, со надеж дека ќе најдат слобода од ропството за Џин и слобода од Пап и општествени норми на однесување за Хак. Тие наидуваат на пречки и Џим е фатен или продаден неколкупати низ новелата.

На крај, сепак, Џим ја добива својата слобода преку смртта на госпоѓа Ватсон, бидејќи таа во својот тестамент го ослободува. Откриено е дека Пап умира во отсуство на Хак и иако тој веќе може безбедно да се врати во Петерсбург, Хак планира да побегне на запад, до индијанската територија.

Во Том Соер во странство и Том Соер, детектив, издадените продолженија на Хак Фин, Хак повторно живее во Петерсбург по настаните од неговата епонимна новела. Во Странство, Хак ги здружува Том и Џим во диво, чудено возење со балон, којшто ги носи преку море. Во Детектив, кој се случува околу една година по Хак Фин, Хак му помага на Том во решавањето на мистерија за убиство.

Врски

уреди

Хак е најдобриот другар на Том Соер. Нивното другарство делумно е основано на угледувањето на Соер во слободата на Хак и неговата способност да прави што сака, како пцуење и пушење, кога сака. Во еден дел од новелата, тој отворено се фали на наставникот дека задоцнил на училиште бидејќи застанал по пат да разговара со Хак Фин, нешто за што тој знаеше дека може да добие ( и доби) казна. Сепак, Том останува посветен другар на Хак во сите понатамошни новели во кои се појавуваат.

Џим, побегнат роб со кој Хак се спријателува, е друга доминантна сила во животот на Хак. Тој е симбол на моралното будење на кое подлежи Хак низ Авантурите на Хаклбери Фин.

Пап Фин е таткото кој навредува и е пијаница и се појавува на почетокот од Авантирите на Хаклбери Фин и со сила го зима својот син да живее со него. Во сегашноста, единствениот метод на Пап во воспитувањето е физичкото малтретирање. Иако изгледа дека тој се потсмева на образованието и цивилизираното живеење, Пап е љубоморен на Хак и е разгневен од тоа што неговиот син се труди да постигне повеќе од него и ќе живее во подобри услови од оние во кои тој живеел.

Инспирација

уреди

Карактерот на Хак Фин е основан на Том Бланкеншип,реален лик, син на пијаничиште, кој живеел во „расклапана“ куќа во близина на реката Мисисипи, зад куќата во која пораснал авторот во Ханибал, Мисури. Том Бланкеншип, пријател од детството, беше споменат во автобиографијата на Твен, како инспирација за создавање на Хаклбери Фин:„Во Хаклбери Фин го насликав Том Бланкеншип точно каков што беше. Тој беше неук, небањат, неисхранет, но тој имаше добро срце, како ниту едно друго момче. Неговата слобода беше потполно неограничена. Тој беше единствената вистински слободна личност-момче или маж-во заедницата и последично беше мирен и постојано среќен и сите ние му завидувавме. Нашите родители ни забрануваа да се дружиме со него, но забраната ги зголемуваше неговите вредности за три/четири пати и затоа ние го баравме него за друштво, повеќе од било кое друго момче.“ - Автобиографија на Марк Твен

Појавување

уреди

Глумење

уреди

Глумци кои го имаат толкувано улогата на Хаклбери Фин во филмови и на телевизија: