Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пејзаново
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Пејзаново, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Страничен поглед на црквата | |
40°38′25″N 23°1′19″E / 40.64028° СГШ; 23.02194° ИГД | |
Место | Пејзаново, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1800 |
Управа | |
Епархија | Неаполско-ставруполска |
Црквата е најверојатно изградена во 1800 г.[1] Според други податоци, храмот е од 1867 г.[2] Нема зачуван натпис за изградбата, но архитектурата и иконостасните икони се од првата деценија на XIX век, и датирањето се води по нив.[3] Во 1885 г. е подигната величествена камбанарија.[1] Во 1867 г. црквата е проширена на запад, како што се гледа од внатрешната колонада и натписот на внатрешниот влез. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Иконостасот е насликан во 1812 г. и важи за одличен пример за копаничарската уметност. Иконите и полилејот се од истиот период.[1]
Во 1983 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ι.Ν.Αγ.Γεωργίου Ασβεστοχωρίου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2022-06-02. Посетено на 22 мај 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24496/534/19-5-1983 - ΦΕΚ 381/Β/30-6-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-16. Посетено на 11 јуни 2018.
- ↑ „Άγιος Γεώργιος Ασβεστοχωρίου“. Corect. Архивирано од изворникот на 2018-06-19. Посетено на 16 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар
|urk=
(help)