Петар Чихачов
Петар Александрович Чихачов (Пётр Алекса́ндрович Чихачёв; Гатчина, 16 август 1808 — Фиренца, 13 октомври 1890) бил истакнат руски географ, геолог, природонаучник и патописец, од 1876 година, почесен член на Руската академија на науките и полноправен член на Француската академија на науките.
Автор е на бројни географски и геолошки студии поврзани со Алтај, Синкјанг (1845) и Мала Азија, а во негова чест, една од Алтајските Планини го носи неговото име.
Неговиот помал брат е патописец и географ, Платон Чихачов (1812–1892).
Биографија
уредиЧихачов е роден во Гатчина, во летната резиденција на царицата-мајка Марија Фјодоровна, сопруга на царот Павле I, каде што неговиот таткото Александар работел како управител. Откако неговиот татко се пензионирл во 1820 година, семејството се преселило во градот Пушкин каде стекнал основно образование. Потоа се запишал на Санктпетербуршкиот државен универзитет, а исто така присуствувал и на некои предавања поврзани со минералогија и геологија на универзитетот во Париз. По дипломирањето, тој извесно време работел како преведувач во Министерството за надворешни работи, а потоа и во руската амбасада во Истанбул.
Тој ја започнал својата научно-истражувачка работа во 1839 година, кога започнало неговото обемно истражување на природните ресурси и геологијата на Апенинскиот Полуостров, особено неговите јужни делови.
Во 1842 година тој учествувал во голема експедиција на Планините Алтај, чија цел било детално и опширно да ги проучува физичко-географските и геолошките одлики на областа. Експедицијата ги открила изворите на реките Абакан, Чу и Чулишман, а исто така биле спроведени истражувања и во областа на Сајанските Планини. Во северниот дел на планините Алтај, експедицијата ја пронашла и детално ја мапирала една од најголемите области со јаглен во светот – Кузњетски јагленосен басен.
Во своите студии, Чихачов ги проучувал, меѓу другите, и социјалните активности на месното население (култура, живот, обичаи). Тој ги објавил резултатите од „Алтајската експедиција“ 1845 година во Париз, во студијата „Патување на источниот Алтај и пограничните области со Кина“. Потоа служел како аташе во руската амбасада во Цариград две години, за кое време учел турски јазик. Во 1847 година тој ја напуштил дипломатската служба и се посветил на обемно истражување на Мала Азија, а резултатите од ова истражување ги објавил во обемна студија „Физички, статистички и археолошки одлики на Мала Азија“ (француски: Asie Mineure: Description physique, statistique et archéologique de cette contrée). Во периодот од 1863 - 1864 година, тој предводел осум истражувачки експедиции во Ерменија, Курдистан, Источна Тракија и Мала Азија. Како резултат на неговото истражување, составени се сеопфатни мапи за тие области, тој посветил околу стотина студиски трудови на регионот на Мала Азија.
Годината 1880 година го објавил патописот Шпанија, Алжир и Тунис, во кој ги опишал своите забелешки од патувањата по Андалусија, Алжир и Тунис од 1878 година. Во своите трудови тој се занимавал не само со физичко-географски, туку и со политички анализи поврзани со таканареченото „источно прашање”.
Во текот на 1890 година објавил неколку научни студии под наслов „Физичко-географски студии“ кои се занимавале со опсежни истражувања на пустинските области на Земјата, а кои не успеал да ги заврши. Тој почина на 13 август 1890 година во Фиренца од последиците предизвикани од пневмонија.
Библиографија
уредиСите дела на Чихачов ги објавил на француски јазик, а најважните научни трудови се:
- Voyage scientifique dans l'Altaï oriental et les parties adjacentes de la frontière de Chine (Париз, 1845)
- Lettres sur la Turquie (Брисел, 1850)
- Asie Mineure: Description physique, statistique et archéologique de cette contrée, huit volumes de 1852 à 1868 (Париз)
- Le Bosphore et Constantinople (1864, друго издание 1877)
- Considérations géologiques sur les îles Océaniques (1878)
- Espagne, Algérie et Tunisie (Париз, 1880)
- Études de géographie et d'histoire naturelle (1890)
Литература
уреди- Цыбульский В. А. Пётр Александрович Чихачов (1808—1890). Платон Александрович Чихачов (1812—1892) / В. В. Цыбульский; Отв. ред. А. Л. Нарочницкий.. — М.: Наука, — 224 с. — (Научно-биографическая литература). —. 1988. ISBN 978-5-02-003339-9.
- Цибульский В.В.: П.А. Чихачёв - исследователь, путешественник: М.: Географгиз. 1961. 158 с.
Родионова Т. Ф. Знаменитые географы и путешественники братья Чихачёвы — уроженцы Гатчины // Гатчина: Страницы истории. — С. 69-70.}-
Надворешни врски
уреди„Петар Чихачов“ на Ризницата ? |