Сајански Планини
Со поимот Сајански Планини или Сајани (руски: Сая́ны) се именуваат два планински системи во јужен Сибир.
Се разликуваат Западен Сајан (со должина од 600 км, височина до 3976к − Монгун Тајга), кој се состои од планински гребени со остри врвови, разделени со меѓупланински котлини и Источен Сајан (со должина од околу 1000 км, височина до 3491 м − планината Мунку Сардик), со типични среднопланински гребени со ледници. Реките се однесуваат кон басенот на Енисеј. Преовладуваат планинската тајга која преминува во планинска тундра.
Југозападните делови на Западен Сајан граничат со Алтај. Нивниот главен гребен се нарекува Вододелен Сајански Гребен, со највисоката точка Кизил-Тајга (3121 м). Планинските гребени на Западен Сајан се одликуваат со благи падини, изразит релјеф и големоразмерни камени насипи.
Источен Сајан се простира речиси под прав агол од Западниот. Највисока точка е врвот Грандиозни (2982 м). Тука се наоѓаат многу убави водопади.
Надворешни врски
уреди- (руски) Сајанската пределна област во книгата: Н. А. Гвоздецкий, Н. И. Михайлов. Физическая география СССР. М., 1978.