Османлиска војска

(Пренасочено од Османлиската војска)

Османлиска армија (аскер) — државна војска која опстојувала во периодот од создавањето до пропаѓањето на Османлиското царство. Почетокот на 16 век претставува период кога царството била најсилното во Средоземјето и пошироко. Голем број на битки и војни од страна на Отоманците биле добиени не само поради шеријатската должност кон неверниците, туку и поради турските номади кои биле желни за освојување и ограбување. Тоа најмногу се должело на силниот и голем воен систем.

Првата воена единица на Отоманското Царство била војската, која била основана и организирана од стрна на Осман I од племињата кои живееле во западна Анадолија во доцниот 13 век. Воениот систем со непосредното проширување на империјата станувал сè посложен. Војската на Османлиското Царство се состоела претежно од платеници и регрутанти. Главните воени единици биле Јаничарите, Спахиите, Акинџиите и други. Отоманската армија можеби никогаш не користела најнапредни и современи орудија во светот, но сепак била една од првите кои во своите битки и војни користеле топови и мускети. Отоманците за првпат започнале да користат топ во Опсадата на Цариград во 1422 година, иако бил со краток дострел. Отоманската коњаница зависела повеќе од самата брзина и подвижност отколку од тешките оклопи. Кавалеријата користела лакови и кратки мечеви. Од нив, најмногу се користеле арапскиот и туркменскиот коњ.[1][2] Падот на ефикасноста и силата на отоманската армија се почувствувала во средината на 17 век, по Големата турска војна. Во текот на XVIII век следувале неколку успеси против Венецијанската Република, но по овие победи Османлиите биле поразени во поредните Руско-турски војни. Модернизацијата на отоманската војска започнала во текот на XIX век. Во 1826 година султанот Махмуд II го укинал јаничарскиот корпус и основал модерна отоманска војска. Овој нов воен ред бил познат под името Низам-и Кедид. Во исто време, отоманската војска била првата воена институција која ангажирала странски експерти и испраќала свои офицери за обука во западните европски земји. Следствено, движењето на Младотурците започнало во времето кога тие студенти се вратиле од Западна Европа.

Отоманска морнарица

Отоманската морнарица значително придонела за проширување на териториите на империјата на европскиот континент. Таа го иницирала освојувањето на Северна Африка, пред сè Алжир и Египет во 1517 година. Во почетокот на XIX век, Отоманското Царство започнала да ги губи своите територии. Во 1821 била изгубена Грција, а во 1830 Алжир. Со тоа започнала да опаѓа и поморската власт и контрола над далечните прекуморски територии на империјата. Султанот Абдул Азис (1861-1876) се обидел да ја обнови некогашната моќна отоманска морнарица, по примерот на флотите на Франција и Велика Британија. Во Бароу, Обединетото Кралство ја изградила првата подморница во 1886 година за Отоманското Царство.[3] Сепак, слабеењето на отоманската економија не можела да ја одржи моќта на флотата за предолго. По Младотурската револуција во 1908 година, Комитетот се обидел да развие една силна поморска флота. Во 1910 година била основана Фондација на Отоманската морнарица, чија цел била да се купат нови бродови преку јавни донации.

Отоманско воздухопловство

Отоманското воздухопловство било основано во јуни 1909 година, како една од првите во светот. Империјата своите први пилоти и авиони ги подготвила на 3 јули 1912 година во Цариград, преку создавањето на академијата Хава Окулу. Образовната академија забрзано напредувала во воената авијациона програма, зголемувајќи го бројот на пилоти и авиони. Во мај 1913 година започнала првата светска обука на специјализирани пилоти од страна на академијата. Во јуни 1914 година била основана нова воена академија која се викала Дениз Хава Окулу. Со избувнувањето на Првата светска војна, модернизацијата на воздухопловните сили запрела. Во текот на Првата саветска војна, отоманските воздухопловни сили се бореле на повеќе фронтови, од Галиција на запад до Кавказ на исток и Јемен на југ.

Наводи

уреди
  1. Milner The Godolphin Arabian pp. 3–6
  2. Wall Famous Running Horses p. 8
  3. Ellesmerereportstandard.co.uk Архивирано на 23 април 2008 г., The standard - Petition created for submarine name