Нордернај
Нордернај (германски: Norderney; долногермански: Nördernee) — еден од 32. Фризиски Острови и град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (исток) и Јист (запад).
Нордернај
Norderney | ||
Поглед на Нордернај од запад | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Градски единици | Фишерхафен, Нордхелмзидлунг | |
Градоначалник | Франк Улрихс (SDP) | |
Основни податоци | ||
Површина | 26,3 км2 | |
Надм. височина | 5 м | |
Население | 5.992 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 228 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR, NOR | |
Пошт. бр. | 26548 | |
Повик. бр. | 04932 | |
Портал | norderney.de | |
Местоположба на градот Нордернај во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°42′26″N 7°8′49″E / 53.70722° СГШ; 7.14694° ИГД |
Ова е деветти по големина остров во Германија, долг 14, а широк 2,5 километри, и со вкупна површина од 26,3 км2. Населението брои околу 6.051 жител. Во 1946 година Нордернај станал општина во состав на тогашниот округ Аурих. На северната страна од островот се протега песочна плажа во должина од 14 километри.
На исток е соседниот остров Балтрум, оддалечен 800 метри преку морскиот ракав Вихтер Ее. Од западна страна е островот Јист, на растојание од 3 километри преку ракавот Нордернајски Гат.
Сета источна половина на Нордернај му припаѓа на Националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Овие делови се поделени на зони со различни степени на заштита и можност за пристап. Поради присуството на паркот, на целиот остров важи строго ограничен сообраќаен режим за моторни возила.
Островот е поврзан со копното со траект кој сообраќа до пристаништето Норддајх во градот Норден. Има и мал аеродром со еднокилометарска писта.
Географија
уредиМестоположба
уредиНордернај е еден од Источнофризиските Острови, кои се наоѓаат во Германскиот Залив, неколку метри над морското ниво. Седумте населени острови и петте ненаселени големи песочни брегови се дел од копнената област Источна Фризија. Островот припаѓа на округот Аурих. Погледнато од запад, Нордернај е третиот населен источнофризиски остров. Нордернај зафаќа површина од 26,29 квадратни километри во должина од околу 14 километри во насока исток-запад. На најшироките места на западниот дел и во средината на островот тој е широк 2,5 километри во насока север-југ. Со тоа, тој е деветтиот најголем остров од германските острови и по Боркум е втор најголем во Источнофризиските Острови. На целата северна страна на островот се протега песочна плажа од околу 14 километри, која го штити островот од висока плима и поплави и служи како пешачко шеталиште.
Во западниот дел се наоѓа градот кој го носи истото име и во споредба со другите седум источнофризиски општини е единствен град. Големината на градското подрачје зафаќа една петтина од површината на островот и заедно со стопанската зона има максимална должина во насока исток-запад од околу 2,5 километри, а во насока север-југ до 2 километри.
Од соседниот остров на исток, Балтрум, Нордернај е одвоен од тесниот морски ракав Вихтер Ее. Од средиштето на градот Нордернај до главното место на Балтрум има 15 километри. На запад се наоѓа островот Јист, оддалечен околу три километри, додека до средишното место на островот Јист има околу 11 километри воздушна линија. Помеѓу Нордернај и Јист се протега широкиот морски ракав Нордернајски Гат.
Во источниот дел на островот се наоѓа област со дини наречена и Шлоп.[2]
Копното е оддалечено помеѓу три и шест километри. Соседни општини на копното се градот Норден, општината Хагермарш во општинската заедница Хаге, како и еден мал дел на општината Дорнум (сите во округот Аурих).
Клима
уредиКлимата на островот Нордернај е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.
Нордернај се одликува со умерена приморска клима и помали температурни разлики отколку во околните копнените предели. Врнежите се рамномерни во текот на целата година, при што есента е малку поврнежлива. Највлажен месец е ноември со 87,6 мм, а најсув е февруари со 40,7 мм. Островот е воедно у посончев од копното, со околу 1.600 сончеви часови годишно. Температурата на морето се движи од 3-7 °C зиме до преку 20 °C во летните месеци. Во јули 2014 г. во водата се измерени рекордни 34,1 °C.
Клима на Нордернај | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 5,1 | 5,4 | 7,8 | 11,5 | 16,0 | 18,7 | 20,8 | 21,3 | 18,5 | 13,8 | 9,0 | 7,3 | 13,0 |
Просечна температура (°C) | 3,8 | 3,7 | 5,8 | 8,9 | 13,2 | 16,3 | 18,3 | 18,6 | 16,1 | 11,9 | 7,5 | 6,2 | 10,9 |
Просечна минимална (°C) | 2,4 | 2,0 | 3,7 | 6,5 | 10,4 | 14,0 | 15,8 | 16,0 | 13,8 | 10,1 | 6,0 | 5,0 | 8,8 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 54,9 | 28,1 | 44,0 | 29,7 | 28,5 | 45,6 | 62,3 | 83,4 | 74,5 | 49,3 | 65,5 | 49,0 | 614,8 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 22 | 13 | 16 | 15 | 12 | 14 | 15 | 16 | 16 | 20 | 20 | 21 | 200 |
Влага (%) | 88 | 86 | 85 | 82 | 80 | 80 | 80 | 79 | 80 | 84 | 86 | 88 | 83,2 |
Сончеви часови (дневно) | 1,4 | 3,5 | 4,4 | 7,0 | 7,9 | 7,1 | 7,7 | 7,0 | 5,6 | 3,0 | 2,1 | 1,3 | 4,8 |
Извор: weather-online.de[3][4] |
Историја
уредиОва е најмладиот од седумте Источнофризиски Острови. Во денешен облик постои од средината на XVI век, како источен остаток од некогашниот остров Бујзе. Овој поголем остров е разделен на два дела како последица од Светимарцеловата поплава од 1362 година, чија источна половина отпрвин се нарекувала Остренде. Преостанатиот дел од Бујзе постепено се смалувал за конечно да исчезне под Северното Море за време на Светипетровата поплава of 1651 година. Остренде, пак, добивал на големина, за што сведочи пописот од 1550 година кој го нарекува Северен Нов Остров (Norder neys Oog) и бележи дека има 18 куќи и една црква. Претежно занимање на мештаните во ова време бил риболовот. Во втората половина на XVIII век на значење добила поморската трговија, а потоа и туризмот. Во 1797 година Нордернај станал првото германско летувалиште на Северното Море.
Се смета дека првите трајни населби на Нордернај настанале во XIII и XIV век. Во западниот дел на островот никнало вистинско село, засолнето со високи песочни дини. Во документите, островот за првпат се споменува во 1398 година. Кон 1650 година е забележано дека островот е долг 8,3 км, а селото има 18 куќи со вкупно 101 жител. Нордернај значително настрадал во катастрофалната Божиќна поплава од 1717 година. Во 1830-тите главно занимање на населението станало собирањето на школки.
Хановерскиот престолонаследник Георг за првпат го посетил Нордернај во 1836 година, а почнувајќи од 1851 година секоја година одржувал летен двор. Во овој период летувалиштето доживеало подем поради популарноста меѓу богатите и славните. Во 1858 година е изградено дрвено шеталиште долго 950 метри. Во 1862 година на островот е изградена и ветерница. Веќе во 1899 година островот имал 4.018 жители и 26.000 гости. Покрупните стопански активности отпочнале во 1901 година со окрупнувањето на стопанскиот риболов. Во 1925 година островот броел 5.564 жители и 38.140 гости. Истата година започнал и редовен воздухопловен сообраќај со превозникот „Луфтханза“.
За време на германската окупација на Каналските Острови во Втората светска војна воспоставени се низа заробенички работни логори, меѓу кои логорот наречен „Нордернај“.[5]
Рекреација
уредиНа островот има и нудистичка плажа, сместена непосредно на исток од Северната плажа.[6]
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 18 избрани членови.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Удел на гласови | Број на места |
---|---|---|
SPD | 31,00% | 6 |
CDU | 22,50% | 4 |
Grüne | 18,10% | 3 |
Слободни гласачи | 14,50% | 3 |
FDP | 12,50% | 2 |
Die Linke | 1,40% | 0 |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Нордернај од 2011 година е Франк Улрихс (SPD).
Збратимени градови
уредиНордернај е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Ветерница на островот
-
Главната островска евангелистичка црква
-
Водокулата во Нордернај
-
Поранешната пошта
-
Светилник
-
Основното училиште
-
Поглед на градот
-
Светилникот на островот од 1927 г.
-
Улица во градот
-
Католичката црква
-
Бањската куќа
-
Музеј на националниот парк
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ (in германски) [nationalpark-wattenmeer.de Regionalfaltblatt Norderney] (11. уред.), Wilhelmshaven, стр. 2, nationalpark-wattenmeer.de
- ↑ „Das Klima in Norderney“. Weather-online. Посетено на 2020-02-03.
- ↑ „Indices data“. www.ecad.eu. Посетено на 2019-01-17.
- ↑ Steckoll, Solomon H. (1982). The Alderney death camp. Granada. ISBN 978-0-583-13478-1.
- ↑ „Nackedei auf Norderney: Das Nackt-Paradies zum Glücklichsein“ [The Naked Paradise for Happiness]. BILD.de. 15 August 2015. Посетено на 18 September 2016.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
Надворешни врски
уреди- Нордернај на Ризницата ?
- Матична страница (германски)