Аурих (округ)
Аурих (германски: Aurich) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.
Аурих Landkreis Aurich | ||
---|---|---|
округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Аурих | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.287 км2 (497 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 192.072 | |
• Густина | 150/км2 (390/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | AUR | |
Мреж. место | landkreis-aurich.de |
Се граничи со Северното Море на север и северозапад, округот Витмунд на исток и округот Лер на југ. На југозапад се граничи со безокружниот град Емден.
Географија
уредиАурих е сместен во најзападниот дел на Источна Фризија. На запад е устието на Емс и полуостровот Крумхерн кој се издава во него. Со население од околу 190.000 жители (2016) ова е најголемиот од окрузите на Источна Фризија.
Во состав на округот влегуваат и островите Јист, Нордернај и Балтрум од групата на Источнофризиските Острови. Малиот остров Мемерт јужно од Јист нема население, туку е заштитен како живеалиште на ретки птици. Дел од округот отпаѓа на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.
Историја
уредиОкругот за првпат е созададен во 1885 година како дел од преуредувањето на управната структура наследена од Кралството Хановер, кое тогаш станало покраина на Прусија. Единицата е обликувана со составување на подрачната единица (амт) Аурих со истоимениот самостоен град.[2] Во денешен облик округ настанал во 1977 година со спојување на дотогашните окрузи Аурих и Норден.
Грб
уредиГрбот, прогласен во 1978 година, прикажува невин орел (или харпија), кое било хералдичко животно на семејството Кирксена, локален клан во средниот век. Желадите во грбот се симболи на градот Аурих, а шесткраките мамузи се симболи на Норден.
Поранешниот грб, доделен во 1950 година, прикажува златен даб, кое било дрво надвор од градот Аурих под кое се собирале Фризите за своите годишни состаноци.
Градови и општини
уредиГрадови | Слободни општини | Слободни области | Општински заедници | |
---|---|---|---|---|
|
2. Хаге | |||
1седиште на општинската заедница |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Аурих (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Остров Нордернај (германски)
- Остров Јист (германски)
- Остров Балтрум (германски)