Норден (Источна Фризија)
Норден (германски: Norden; источнофризиски долносаксонски: Nörden) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, во областа Источна Фризија.
Норден
Norden | ||
Градската црква „Лудгери“ во Норден | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Градски единици | 10 | |
Градоначалник | Флоријан Ајбен (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 106,33 км2 | |
Надм. височина | 7 м | |
Население | 25.179 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 237 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR, NOR | |
Пошт. бр. | 26506, 26492–26496, 26501, 26519–26520 | |
Повик. бр. | 04931 | |
Портал | www.norden.de | |
Местоположба на градот Норден во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°35′48″N 7°12′20″E / 53.59667° СГШ; 7.20556° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот Норден, најсеверозападниот град на германското копно, зафаќа површина од 104,39 квадратни километри во северозападниот дел на Источна Фризија во Долна Саксонија. Најголемото растојание север-југ е 21 километар, додека исток-запад изнесува околу 13 километри. Највисока точка во Норден е 9,5 метри.
Пред брегот се наоѓаат островите (од исток кон запад) Нордернај, Јист и Мемерт. Помеѓу брегот и островите се наоѓа Ваденското Море, кое како дел од националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“ од јуни 2009 година е прогласен за светско природно наследство на УНЕСКО.[2] Југозападно од градот се наоѓа Лајскиот Залив.
Соседни општини на копното се (од исток кон југозапад, надесно) Хагермарш, Литетсбург и Халбемонд (сите во општинската заедница Хаге), Лецдорф и Остел (обете во општинската заедница Брокмерланд), како и општината Крумхерн. Интересно е дека границата со општината Лецдорф е во должина на една улица.
Градски единици
уредиНорден се состои од градското јадро и десет официјални градски единици. Градското јадро се наоѓа околу стариот градски центар на поранешната општина Зандбауершафт со градските единици Екел, Линтел и Вестгасте.
Други единици се Баргебург, Лајбухтполдер, Нојвестел, Норддајх, Остермарш, Зидернојланд I, Зидернојланд II, Тидофелд, Вестермарш I и Вестермарш II.
Клима
уредиКлимата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
SPD | 42,84 % | 14 |
CDU | 21,29 % | 7 |
Граѓани насочени кон иднината (ZoB) | 17,89 % | 6 |
FDP | 4,64 % | 2 |
GRÜNE | 10,68 % | 4 |
Ди Партај | 2,65 % | 1 |
Градоначалник
уредиОд 26 септември 2021 година, градоначалник на Норден е Флоријан Ајбен (SPD).[3]
Градоначалници од 1945 година биле:[4]
- 1945–1946: Алберт Шенеберг
- 1946–1948: Јохан Фишер (SPD)
- 1948–1956: Алберт Шенеберг
- 1956–1959: Јохан Фишер (SPD)
- 1959–1961: Хинрих Донер
- 1961–1964: Георг Ровел-Рулфес (FDP)
- 1964–1971: Георг Петерс (SPD)
- 1971–1988: Герхард Кампен (SPD)
- 1988–1998: Фриц Фукс (SPD)
- 1998–2016: Барбара Шлаг (ZoB)
- 2016–2021: Хајко Шмелцле (CDU)
- од 2021: Флоријан Ајбен (SPD)
Збратимени градови
уредиНорден е збратимен со следниве градови:
- Брадфорд на Ејвон, Обединето Кралство (од 1969 г.)
- Пазевалк, Германија (од 1990 г.)
Познати луѓе
уреди- Херман Конринг (1606–1681) — лекар и политичар
- Јохан Крамер (1905–1987) — политичар
- Вилхелм фон Фреден (1822–1894) — математичар, научник и океанограф
- Реха Фрајер (1892–1984) — писател
- Вилхелм Гнапхојс (1493–1568) — хуманист и просветител
- Ото Итес (1918–1982) — адмирал
- Марко Кучер (р. 1975) — ски-скокач
- Херберт Милер (р. 1953) — сликар
- Јохан Шредер (1925–2007) — математичар
- Хајко Шварц (1911–1973) — ватерполист
Галерија
уреди-
Градбата „Три сестри“ на плоштадот
-
Куќа Виена, една од најстарите куќи во градот
-
Вестгастер ветерница
-
Старото Градско собрание
-
Шенинингхаус
-
Полициската станица
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Nationalpark Nds. Wattenmeer auf niedersachsen.de
- ↑ „Bundestagswahl 2021 und Bürgermeister-Stichwahlen: Der Ticker zum Nachlesen“ (германски). Посетено на 2021-09-27.
- ↑ Stadt Norden. „Bürgermeister“ (германски). Посетено на 2021-08-02.
Надворешни врски
уреди- Норден на Ризницата ?
- Матична страница (германски)