Водокула
Водокула или водоснабдителна кула — структура со водосклад (резервоар за вода) на врвот што служи за снабдување со вода на потрошувачите според принципот на изедначување на висинската разлика помеѓу изворот на вода и потрошувачите. Водата од водокулите може да биде за пиење, за заштита од пожар или за индустриски цели и не мора нужно да биде поврзана со јавното водоснабдување.
Најголемата предност на водокулата е што може да обезбеди вода дури и кога нема струја, бидејќи принципот на работа се потпира на одржување на течноста на иста висина благодарение на хидростатичкиот притисок, според законот за поврзани садови. Поентата е дека водата се испумпува со моќни пумпи од извори (бунари, езера и сл.) се води до водокулата и стои во резервоарот, од каде што контролирано со славини, под влијание на гравитацијата, се води до крајниот потрошувач. Сепак, водокулата не може да снабдува вода долго време, бидејќи е неопходно да се надополнува со пумпа. Обично часовите на максимална потрошувачка се во текот на денот, а тогаш нивото на водата во резервоарот се намалува, а се враќа ноќе со помош на пумпи. Овој процес ја одржува водата во течна состојба и во студениот период од годината, односно постојаното празнење и полнење спречува замрзнување.[1]
Иако складирањето на вода во резервоари над морското ниво постоело уште од античко време во различни облици, модерната употреба на кули за вода под притисок за снабдување со вода на јавните водоводи се развила во средината на XIX век, откако системот за пумпање на пареа станал широко распространет. Првите водокули биле направени во Велика Британија од високи цевки во облик на кириличната буква П и кои со помош на пумпа можеле да обезбедат снабдување со вода во еднакви временски интервали, но не и постојано снабдување.
Многу водокули направени во XIX век се сметаат за историски значајни и се наоѓаат на различни списоци на задужбини и значајни споменици низ целиот свет. Некои од нив, пак, се пренаменети во апартмани или ексклузивни поткровја.[2]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Како функционише водоснабдевање?, Жељко Ашчић,, 6. март 2014. Посетено на 20. августа 2016.
- ↑ 10 Industrial Water Towers Converted Into Awesome, Modern Homes, 10 индустријских водоторњева који су претворени у феноменалне, модерне домове, Клер Котрел,, 17. август 2012. Посетено на 20. августа 2016.
Надворешни врски
уреди„Водокула“ на Ризницата ? |