Отвори го главното мени

Боркум

остров и општина во Долна Саксонија, Германија

Боркум (германски: Borkum) — остров и општина во округот Лер во Долна Саксонија, северозападна Германија. Сместен е помеѓу островите Ротумерог на запад и Јуист на исток.

Боркум

Borkum

Боркум фотографиран од светилник
Боркум фотографиран од светилник
Знаме на Боркум
Грб на Боркум
Боркум is located in Германија
Боркум
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Лер
Градоначалник Георг Либен (нез.)
Основни податоци
Површина 30,74 км2
Надм. височина 6 м
Население 5.189 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 169 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LER
Пошт. бр. 26757
Повик. бр. +49 22
Портал stadt-borkum.de
Местоположбата на Боркум во рамките на округот Лер
Карта
Координати 53°35′17″N 6°40′11″E / 53.58806° СГШ; 6.66972° ИГД / 53.58806; 6.66972Координати: 53°35′17″N 6°40′11″E / 53.58806° СГШ; 6.66972° ИГД / 53.58806; 6.66972

Содржина

ГеографијаУреди

 
Местоположба на островот (лево).
 
Карта на Боркум.

Островот на запад се граничи со протокот Вестеремс (каде е границата со Холандија), на исток со протокот Остеремс. На север се простира Сеерното, а на југ е Ваденското Море. Претставува најголем и најзападен од групата на Источнофризиските Острови кои на север се протегаат до холандската покраина Гронинген.

Боркум настанал во 1863 г. со спојување на два острова кои и денес се одвоени со плитка вода во месноста Тискендер.

ИсторијаУреди

Први пишани наоди за местото среќаваме кај Страбон и Плиниј Постариот во римско време кои го нарекуваат „Остров на Гравот“ (Burchana fabaria). Во времето на Карло Велики бил дел од поголем остров наречен Бант, сочинет од денешните острови Боркум и Јуист, како и западниот дел на Нордернај.

Во 1484 г. Бант преминал во сопственост на грофовите на Источна Фризија, кои ја развиле месната трговија, но посердно ги поттикнале пиратството и китоловот. Кон 1781 г. Бант се разделил на три острови поради силните бури кои беснееле во текот на тој век. Со замирањето на китоловот населението осиромашило и почнало постепено да го напушта островот, преполовувајќи се на почетокот на XIX век. Од 1834 г. на Боркум почнал да се развива туризмот и со време станал важна стопанска гранка.

На 19 и 20 декември 1934 г. Вернер фон Браун на островот ги извел првите проби на ракетата A2 со прототипните проектили „Макс“ и „Мориц“.

СообраќајУреди

На Боркум важи делумна забрана за моторни возила во посетителската сезона, а вон сезоната сообраќајот се одвива насекаде освен во пешачките зони. На островот има само едно населено место, кое го носи истото име. Во подрачјето на Тискендер има летиште. Врска со копното се одржува со траекти до Емден во Германија и Емсхавен во Холандија, со бесплатен железнички превоз од пристаништето до гратчето.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди