Отвори го главното мени


Фризиски Острови, наречени и Ваденски или Ваденскоморски Острови (холандски: Waddeneilanden; фризиски: Waadeilannen; германски: Friesische Inselnархипелаг на источниот крај на Северното Море во северозападна Европа. Се протегаат од северозападот на Холандија низ Германија, па на запад до Данска. Островите претставуваат своевидна заштита за плитаците на Ваденското Море од влијанијата на Северното Море.[1] Заедно со копненото крајбрежје на Германскиот Залив, Фризиските Острови ја образуваат Фризија - татковината на Фризите. „Фризиски“ се нарекуваат оние острови кајшто се говори фризискиот јазик и кајшто населението е етнички фризиско. За разлика од ова, поимот „Ваденски Острови“ се однесува на целиот архипелаг, вклучувајќи ги оние ваденски острови кајшто се говори данскиот јазик кои се наоѓаат малку понасевер на западниот брег на Јитланд.

Фризиски Острови
Waddeneilanden.PNG
Фризиските Острови
Географија
Површина1.047,49 км2
Управување
Демографија
Население81341

Највеќето острови во групата се заштитени како меѓународни резервати на дива природа, под здружено раководство на Холандија, Германија и Данска. Покрај тоа, во подрачјето и понатаму се експлоатираат земниот гас и нафтата. Во близината се наоѓаат и устијата на реките Емс, Везер и Елба, чија поврзаност со морето е од големо стопанско значење, но и еколошка закана за дивиот свет во подрачјето.

ОстровиУреди

Холандски Фризиски ОстровиУреди

(од запад кон исток)

НаселениУреди

Холандските острови имаат вкупна површина од 405,2 км² и вкупно 23.872 жители.

НенаселениУреди

Германски Ваденски ОстровиУреди

(од запад кон исток и од југ кон север)

НаселениУреди

НенаселениУреди

Германските острови имаат вкупна површина од 448,52 км² и вкупно 53.296 жители.

Не сите гореспоменати острови се сметаат за дел од архипелагот. За едно парче земја да се смета на остров, истото мора да има површина од барем 160 хектари и не смее да биде под вода за време на просечната плима на Северното Море.

Дански Ваденски ОстровиУреди

Поврзано: Севернофризиски Острови

(од југ на север)

Данските острови имаат вкупна површина од 193,8 км² и вкупно 4.173 жители.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Velde, Bruce; Gleb Nikolaevich Baturin, George V. Chilingar, & Karl H. Wolf (1988). „Control of Barrier Island shape by inlet sediment bypassing: East Frisian Islands, West Germany (Abstract) Fitzgerald, Duncan M., Penland Shea and Nummedal, Dag“. Phosphorites on the Sea Floor. Marine Geology, 60 (1984) 355-376. Elsevier. стр. 365. ISBN 0-444-42400-8, 9780444424006. http://books.google.com/?id=015C37N_f-wC&pg=PA355&dq=%22Frisian+islands%22+%22barrier+islands%22. 

Надворешни врскиУреди