Национален парк Ваденско Море (Долна Саксонија)
национален парк во Долна Саксонија, Германија
Национален парк Долносаксонско Ваденско Море (германски: Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer) — национален парк во сојузната покраина Долна Саксонија, дел од германското Ваденско Море. Паркот бил основан во 1986 година и ги вклучува Источнофризиските Острови, калливиот морски брег и солените мочуришта помеѓу заливот Долар на границата со Холандија на запад и Куксхафен на исток. Националниот парк има површина од околу 345.800 хектари.[2] Управата на националниот парк се наоѓа во Вилхелмсхафен. Во јуни 2009 година, националниот парк станал светско природно наследство на УНЕСКО заедно со Ваденско Море Шлезвиг-Холштајн и холандскиот дел од Ваденското Море, поради својата посебност во однесувањето на плимата и еко-системот.[3]
Национален парк Долносаксонско Ваденско Море | |
---|---|
Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Пилзумер Ват од полуостровот Лојхерн, Источна Фризија | |
Место | брегот на Северното Море, Долна Саксонија, Германија |
Воспоставен(а) | 1 јануари 1986 г. |
Светско наследство | 2009 |
Службен назив: Wattenmeer, Ostfriesisches Wattenmeer & Dollart | |
Прогласено: | 26 февруари 1976 |
Број | 82[1] |
Поврзано
уредиФилмографија
уреди- „Во националниот парк Ваденско Море“ (Im Nationalpark Wattenmeer). документарен филм, 45 мин.., Германија, 1998, од Јенс-Уве Хајнс и Михаел Зутор, продукција: Komplett-Media-GmbH, Grünwald (ISBN 3-89672-492-4), Краток опис од ARD
Наводи
уреди- ↑ „Schleswig-Holstein Wadden Sea and adjacent areas“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 April 2018.
- ↑ „Nationalpark Wattenmeer“. Zahlen & Daten. Архивирано од изворникот на 2010-05-27. Посетено на 1 July 2010.
- ↑ „Wadden Sea“. UNESCO World Heritage Centre. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 20 Jun 2021.
Надворешни врски
уреди- Национален парк Ваденско Море (Долна Саксонија) на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 1 декември 2014 г. (германски)
- Заштитна станица Ваденско Море (германски)