Источна Фризија
Источна Фризија или Источен Фризланд (германски: Ostfriesland; источнофризиски долногермански: Ōstfräisland;[1] или Oostfreesland;[2] холандски: Oost-Friesland; затерландски фризиски: Aastefräislound) — крајбрежна област во северозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, во Германија. Тоа е делот од Фризија помеѓу Западна Фризија и Средна Фризија во Холандија и Северна Фризија во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Германија.
Административно, Источна Фризија припаѓа на три окрузи: Аурих, Лер, Витмунд и слободниот град Емден.[3][4] Областа зафаќа површина од 3.144,26 км2 и на нејзе живеат 465.000 луѓе.
Близу брего постојат низа острови кои се наречени Источнофризиски Острови (Ostfriesische Inseln). Овие острови се (од запад кон исток) Боркум, Јист, Нордернај, Балтрум, Лангеог и Шпикерог.
Географија
уредиПејзажот е под влијание на близината на Северното Море. Источнофризиските Острови се протегаат 90 километри долж брегот, на кои се наоѓаат дини и песочни плажа, иако во средишните делови имаат трева и дрвја. Областа помеѓу островите и брегот е посебна во светски рамки: плимата остава каллив морски брег со бројни потоци, кои привлекуваат голем број на црви и ракови, како и птици. Поради ова, областа на Ваденското Море која најпрвин била национален парк, била прогласена за светско природно наследство на УНЕСКО.[5] Подалеку од брегот, поголемиот дел од областа е гест и голет.
-
Ваденско Море
-
Воздушен поглед на Лангеог
-
Утринска магла во Источна Фризија (2003 г.)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ https://oostfraeisk.org/Main.aspx?W=geogr.:%20Ostfriesland&df=de
- ↑ https://www.platt-wb.de/hoch-platt/?term=Ostfriesland
- ↑ Satzung der Ostfriesischen Landschaft Архивирано на 18 декември 2010 г., Artikel I (Grundsätze), Absatz 2: „Ostfriesland umfaßt die kommunalen Gebietskörperschaften Landkreise Aurich, Leer und Wittmund sowie Stadt Emden.“
- ↑ Homepage des Interfriesischens Rats: Das östliche Friesland innerhalb des deutschen Bundeslandes Niedersachsen von der niederländischen Grenze bis jenseits der Wesermündung. Es wird häufig Ost-Friesland genannt oder insgesamt (nicht ganz korrekt) als Ostfriesland bezeichnet. Es umfasst das eigentliche Ostfriesland, das oldenburger Friesland (Friesische Wehde, Jeverland, Wilhelmshaven), das ehemalige Rüstringen (Butjadingen u.a.), das Land Wursten und andere Gebiete. (Hervorhebungen nachträglich für das Zitat)
- ↑ „Nationalpark Wattenmeer“. Архивирано од изворникот на 2009-06-30. Посетено на 2010-01-29.
Надворешни врски
уреди- Источна Фризија на Ризницата ?
- Официјална туристичка страница