Марко Деспотоски

Македонски бранител


Марко Деспотоски (Новоселани, Прилепско, 28 септември 1973 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1][2]

Марко Деспотоски
28 септември 1973 – 8 август 2001 (27 г.)

Роден во:Новоселани (Прилепско), Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва

уреди

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак, и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб. Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје. Сиромаштијата била постојано присутна во трошното куќарче во Новоселани, но Марко се надевал дека еден ден ќе спечали некоја паричка и ќе се ожени, ќе оформи семејство и тој, како што оформија неговите три браќа и две сестри, кои одамна веќе не живеат во селото. Дедо му вели дека уште од 15 години работеше како аргатче по селото, и дека така му помина животот, со мака, со аргатување. Имаше златен табиет, но среќа никаква. Дојде еден ден и кај нив човекот што носи позиви, влезе во дворот и вели: „Во селото донесов многу позиви, но сите ги вратија. Ти размисли што ќе правиш. Знаеш што те чека ако ја примиш, ама и што ти следува ако не ја примиш“. Јас седев под крушката и не реков ништо, не се помешав. Марко малку се подума и му вели:

„Тие што ги вратиле имаат луѓе што ќе ги заштитат. Јас немам никого, јас сум сиромав, мене ќе ме закачи казната”.

—Марко Деспотоски (†27), еден од загинатите во масакрот кај Карпалак, [3]

Ја зеде поканата и уште истиот ден замина во Прилеп. Потоа неколку дена беа на Криволак и дури беа таму двапати си дојде дома. Тоа беше за последно со дедо му Тренко. На 8 август 2001 година замина за Тетово и уште пред да стигне таму - го убија на пат. „Јас не верував ова да беше војна. Ова беше предавство, само што сиромашните не знаеја дека е предавство, па се јавуваа на позивите. Ниедно дете на побогат човек не загина, само сиромашните одеа и гинеа. За големите столчиња ми загина внучето“, вели дедо му Тренко.

Дедо му Тренко, кои имал 88 години кога му загина внучето, вели дека Марко просолзил кога курирот му ја даде поканата. Дојде кај него и му вели: Дедо ние сме сиромашни, ќе ме затворат ако ја вратам, мора да одам! Отиде и не се врати. Како што отидоа и не се вратија и децата на богатите. Но, тие отидоа во странство, а внук ми во црната земја новоселска. Марко Деспотоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
  2. „Масакрот кај Карпалак беше местенка за рамковниот договор“. Јанко Бачев за mkd.mk. 9 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2017-02-15.
  3. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 132.
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.