Ненад Милијаш (роден на 30 април 1983 во Белград) бил поранешен српски фудбалер. Настапувал како играч од средниот ред.

Кариерата ја започнал во Земун, а во јануари 2006 година преминал во составот на Црвена ѕвезда. Со црвено-белите освоил две двојни круни во следните три и пол сезони. Од 2009 до 2012 година настапувал во англиската Премиер лига, за клубот на Вулверхемптон, а во 2012 година се вратил во Црвена ѕвезда. Во вториот период во клубот освоил уште една шампионска титула на Србија. Од 2014 до 2016 година Ненад Милијаш настапувал во Турција и Кина, а потоа се вратил во Црвена ѕвезда и таму останал до крајот на кариерата во 2019 година. Во тој меѓупериод освоил уште две титули со истиот клуб.

За фудбалската репрезентација на Србија настапувал од 2008 до 2011 година и во тој период одиграл 25 натпревари со четири постигнати гола. Бил учесник на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.

Кариера

уреди

Земун

уреди

Ненад Милијаш ги минал помладите категории во екипата на Земун, а за првиот тим на овој клуб настапил на седум дена пред неговиот 17ти роденден во 2000 година, кога влегол при крајот на натпреварот со екипата на Партизан.[1] До декември 2005 година, за Земун одиграл 129 првенствени натпревари и постигнал 17 гола.

Црвена ѕвезда

уреди

Во јануари 2006 година, Милијаш потпишал договор со екипата на Црвена ѕвезда.[2] Неофицијално првиот натпревар го одиграл на 20 јануари 2006 година на Кипар, во пријателски натпревар против составот на Литекс, кој Бугарите го добиле со резултат од 2:0. Првиот натпреварувачки натпревар за црвено-белите го одиграл на 18 февруари против екипата на Вождовац во Душановац, кога Црвена ѕвезда победила со резултат од 2:0 со головите на Душан Ѓокиќ и Бошко Јанковиќ.[3] Својот прв гол за екипата на Црвена ѕвезда го постигнал на 11 март 2006 година во победата од 1:0 над составот на Рад. Овој натпревар се одиграл на стадионот Маракана.[4] Веќе во првата полусезона ја освоил двојната круна. Во првенството одиграл десет натпревари со четири постигнати гола,[5] додека во Купот настапил на два натпревари.[6]

Следната сезона повторно ја освоил двојната круна. Ненад Милијаш во првенството 2006/07 одиграл 25 натпревари и постигнал 5 гола,[7] од кои еден од пенал против екипата на Партизан на гостински терен во Хумска за победа од 2:1. Тоа било 130то вечно дерби.[8] Во освојувањето на Купот, придонел со четири натпревари и со еден гол.[9] Единствениот гол во купот го постигнал во полуфиналето против екипата на Партизан од голема далечина во 15та минута од натпреварот за победа на неговиот тим од 1:0.[10]

Ненад Милијаш во два обида со екипата на Црвена ѕвезда не успеал да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите. Најпрво, екипата на Милан била поуспешна, во последното квалификациско коло во 2006 година, додека во 2007 година екипата на Црвена ѕвезда била исфрлена од шкотскиот тим Глазгов Ренџерс. Во 2007 година неговиот клуб продолжил во натпреварувањето на Купот на УЕФА, каде Милијаш постигнал гол против составот на Баерн во Белград. На тој натпревар црвено-белите ја загубиле предноста од 2:1 на самиот крај на натпреварот и на крајот резултатот бил 2:3 за екипата од Минхен.[11][12]

Црвена ѕвезда првенството на Србија 2007/08 го завршила без пораз, но имала многу нерешени натпревари, па на крајот била второпласирана,[13] иако на домашен терен го совладала клубот на Партизан во 132то вечно дерби со резултат од 4:1. Милијаш на тој натпревар постигнал гол од пенал и го поставил конечниот резултат. Натпреварот се одиграл без присуство на публика поради казната на клубот.[14] Екипата на Црвена ѕвезда била запрена во Купот во полуфиналето од составот на Партизан со резултат 2:3. На тој натпревар Милијаш постигнал регуларен гол, но судиите по сопствена грешка го поништиле.[15] Во сезоната 2007/08 Ненад Милијаш одиграл вкупно 42 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 12 гола, само три помалку од најдобриот стрелец на тимот соиграчот Ненад Јештровиќ.[13]

Црвена ѕвезда играла лошо во сезоната 2008/09 и завршила на третото место на табелата, а Милијаш бил прв стрелец на тимот со дури 18 гола на 33 натпревари во првенството.[16] Во сезоната за заборав, тој одиграл вкупно 39 натпревари во сите натпреварувања (најмногу во тимот) и со 23 гола бил убедливо најдобар стрелец и играч на клубот,[13] а заедно со Алмами Мореира бил прогласен за најдобар играч во српското првенство.[17]

Вулверхемптон

уреди

Во јуни 2009 година, Милијаш потпишал четиригодишен договор со екипата на Вулверхемптон.[18] Својот прв натпревар за Волците го имал на 15 август 2009 година во натпреварот против екипата на Вест Хем во првото коло од Премиер лигата. Иако неговиот тим губел со 2:0, Милијаш пружил одлична партија, па телевизијата Скај Спортс го прогласила за играч на натпреварот,[19] и бил вклучен во идеалниот тим на првото коло.[20] Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Волвс на 5 декември 2009 година во победата од 2:1 над екипата на Болтон.[21] Неговиот втор и последен гол во сезоната 2009/10 го постигнал на 20 декември 2009 година во победата од 2:0 над составот на Барнли.[22] Во својата прва сезона во дресот на Вулвс, тој одграл 19 натпревари (12 како стартер) во Премиер лигата и настапил на два натпревари од ФА Купот и еден во Лига Купот.

Во сезоната 2010/11 одиграл 23 натпревари во Премиер лигата (20 како стартер) и постигнал два гола. Тој го постигнал својот прв гол на 30 октомври 2010 година во победата на неговиот клуб со 2:1 над составот на Манчестер Сити.[23] Својот втор гол го постигнал 15 јануари 2011 година против истиот противник, но овој пат во поразот од 4:3 на градскиот стадион во Манчестер.[24] Милијаш одиграл одличен натпревар на 6 март 2011 година, кога најпрвин забележал асистенција во нерешениот натпревар против екипата на Тотенхем (3:3), а потоа бил досуден пенал врз него, кој успеал да го реализира неговиот соиграч Кевин Дојл.[25] Тој постигнал два гола во Лига купот, двата од пенали против екипите на Саутенд и на Нотс Каунти.[26][27] Милијаш постигнал еден гол во ФА Купот на 8 јануари 2011 година во нерешениот натпревар од 2:2 против екипата на Донкастер Роверс.[28]

Во сезоната 2011/12 одиграл 20 натпревари во Премиер лигата (шест како стартер) и не постигнал ниту еден гол. Само што се сместил во стартниот состав на Волвс, Милијаш на 27 декември 2011 година добил директен црвен картон по стартот над Микел Артета од екипата на Арсенал.[29] Добил казна од три натпревари неиграње.[30] Клубот се жалел на оваа одлука, но жалбата била одбиена.[31] По истекот на казната, Милијаш не одиграл ниту еден натпревар како стартер до крајот на сезоната во Премиер лигата. „Волците“ испаднале од Премиер лигата на крајот на сезоната. Таа сезона Милијаш ги постигнал своите единствени голови во Лига купот, еден против екипата на Нортемптон и еден против составот на Манчестер Сити.

Во август 2012 година бил ставен на трансфер листата[32] и на 30 август 2012 година спогодбено го раскинал договорот со Волците.[33]

Враќање во Црвена ѕвезда

уреди

На 31 август 2012 година, Милијаш се вратил во екипата на Црвена ѕвезда.[34] На 22 септември 2012 година, во Суперлигашкиот натпревар против Хајдук во Кула (1:0 за Ѕвезда), Милијаш го одиграл својот 100ти првенствен натпревар за црвено-белите.[35] Во сезоната 2012/13, тој одиграл вкупно 29 натпревари и во сите натпреварувања постигнал девет гола,[13] од кои еден бил победнички и бил постигнат со глава во 143-то вечно дерби со резултат од 3:2.[36]

Во наредната 2013/14 сезона, Милијаш како капитен бил еден од клучните играчи за освојување на 26-та титула. Во сезоната за својот трет шампионски пехар одиграл 29 натпревари во првенството (најмногу во тимот заедно со голманот Бобан Бајковиќ) и постигнал осум гола, со што станал трет стрелец на составот на Црвена ѕвезда. Таа сезона имал и 9 асистенции.[37][38] Сметајќи ги сите натпреварувања во сезоната 2013/14, тој забележал 36 одиграни натпревари и девет гола.[13]

Сезоната 2014/15 во црвено-белиот дрес ја започнал со своите голови против Раднички од Ниш (2:0)[39] и Јагодина (3:0).[40] Неговиот последен натпревар му бил против составот на Војводина (1:0) во Нови Сад.[41]

Турција и Кина

уреди

На 26 август 2014 година, Милијаш потпишал двегодишен договор со турскиот второлигаш Манисаспор.[42] Во турскиот тим за пет месеци постигнал седум гола на 18 првенствени натпревари. Во февруари 2015 година преминал во кинескиот второлигаш Хебеи, на чија клупа во тој момент седел тренерот Радомир Антиќ.[43] Во дресот на овој клуб, во 2015 година тој постигнал 13 гола на 29 првенствени натпревари,[44] со што значително му помогнал на Хебеи да се квалификува во кинеската Супер лига.[45] По Хебеи, тој станал член на Неи Монголс, исто така кинески второлигаш.[46] За овој клуб во 2016 година одиграл 27 натпревари и постигнал три гола.[44]

Второ враќање во Црвена ѕвезда

уреди

На крајот на јануари 2017 година Милијаш се вратил во екипата на Црвена ѕвезда.[47] Во пролетниот дел од сезоната 2016/17 одиграл единаесет натпревари (10 во првенството и еден во купот). На натпреварот против екипата на Спартак од Суботица, одигран на 1 април 2017 година, го одиграл својот 200-ти натпревар за екипата на Црвена ѕвезда.[48]

На натпреварот против екипата на Јавор, одигран на 17 февруари 2018 година, Милијаш го одиграл својот 232 натпревар во Црвена ѕвезда, па го престигнал Дејан Миловановиќ и станал играчот со најмногу натпревари за клубот од освојувањето на европската титула во 1991 година.[49] Во сезоната 2017/18 ја освоил својата четврта титула со црвено-белите.[50]

Во сезоната 2018/19 Црвена ѕвезда изборила пласман во Лигата на шампионите, но Милијаш не одиграл ниту еден натпревар во квалификациите, ниту во групната фаза од ова натпреварување. На првенствениот натпревар против екипата од Нови сад Пролетер, одигран на 7 април 2019 година, Милијаш го одиграл својот 250-ти натпревар во црвено-белиот дрес.[3] Тој одиграл само осум натпревари таа сезона (седум во првенството и еден во купот). На крајот на сезоната ја освоил својата петта титула, со што влегол во историјата како првиот играч кој освоил пет домашни првенствени од распадот на СФРЈ.[51] Последниот натпревар во неговата играчка кариера го одиграл на 19 мај 2019 година во последното коло од Супер лигата против екипата на Напредак од Крушевац, кога го подигнал пехарот за шампион на Србија.[52]

Репрезентација

уреди
 
Милијаш, петти од лево, во тимот на српската репрезентација, 2010 година

Милијаш настапувал за младата репрезентација на Србија и Црна Гора. Во мај 2006 година, селекторот на младинската репрезентација Драган Окука го вклучил Милијас на конечниот список на играчи за Европското првенство 2006 година во Португалија.[53] Репрезентацијата на СЦГ на ова првенство стигнала до полуфиналето каде што била елиминирана на пенали од селекцијата на Украина.[54] Милијаш настапил на сите четири натпревари на првенството.[55][56][57][58]

Во сениорската репрезентација на Србија за прв пат настапил на 6 септември 2008 година во победата со 2:0 над репрезентацијата на Фарски Острови во квалификациите за Светското првенство 2010 година.[59] Тој го постигнал својот прв гол за државната репрезентација во Белград на пријателскиот натпревар против селекцијата на Бугарија. Овој натпревар завршил со резултат од 6:1.[59] Тој бил стандарден во квалификациите за Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка. Во квалификацискиот натпревар против репрезентацијата на Австрија, одигран на 6 јуни 2009 година во Белград, Милијаш го постигнал единствениот гол во натпреварот за победа на Србија со минимален резултат (1:0).[60] Тоа бил негов прв натпреварувачки гол во националниот дрес. Покрај голот против Австрија, тој постигнал и важен гол во Белград против селекцијата на Франција од пенал при нерешениот резултат од (1:1), што одговарал на селекцијата на Србија.[61] Милијаш одиграл еден натпревар на Светското првенство 2010 година во Јужна Африка, кога неговата репрезентација загубила од составот на Гана (0:1).[59]

Последен пат за Србија настапил на 11 октомври 2011 година во Љубљана против репрезентацијата на Словенија (0:1) во квалификациите за ЕП 2012 година.[59]

Трофеи

уреди

Црвена ѕвезда

уреди

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на 20. јули 2019.[62]
Клуб Сезона Лига Куп натпревари Лига Куп Континентални натпрпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Земун 1999/00 2 0 ? ? 2 0
2000/01 10 0 ? ? 10 0
2001/02 26 1 ? ? 26 1
2002/03 27 2 ? ? 27 2
2003/04 27 3 ? ? 27 3
2004/05 22 3 ? ? 22 3
2005/06 15 8 ? ? 15 8
Вкупно 129 17 ? ? 129 17
Црвена ѕвезда 2005/06 10 4 2 0 0 0 12 4
2006/07 25 5 5 1 4 0 34 6
2007/08 29 10 3 1 10 1 42 12
2008/09 33 18 4 3 2 2 39 23
Вкупно 97 37 13 5 16 3 127 45
Вулверхемптон 2009/10 19 2 2 0 1 0 0 0 22 2
2010/11 23 2 2 1 2 2 0 0 27 5
2011/12 20 0 1 0 3 2 0 0 24 2
Вкупно 62 4 5 1 6 4 0 0 73 9
Црвена ѕвезда 2012/13 26 9 3 0 0 0 29 9
2013/14 29 8 3 1 4 0 36 9
2014/15 3 3 0 0 0 0 3 3
Вкупно 58 20 6 1 4 0 68 21
Манисаспор 2014/15 18 7 5 1 0 0 23 8
Вкупно 18 7 5 1 0 0 23 8
Хебеи 2015 29 13 0 0 29 13
Вкупно 29 13 0 0 29 13
Неи Монгол 2016 27 3 0 0 27 3
Вкупно 27 3 0 0 27 3
Црвена ѕвезда 2016/17 9 0 1 0 10 0
2017/18 30 0 3 1 4 1 37 2
2018/19 7 0 1 0 0 0 8 0
Вкупно 46 0 5 1 4 1 55 2
Вкупно во кариерата 466 101 34 9 6 4 24 4 530 118

Репрезентативна статистика

уреди
Тим Година Натпревари Голови
Србија 2008 година 5 1
2009 година. 9 2
2010 година 6 1
2011 година 5 0
Вкупно 25 4

Голови за репрезентацијата

уреди
# Дата Место Противник Гол по редослед Резултат Тип на натпревар
1. 19 ноември 2008 година Стадион на Партизан, Белград, Србија   Бугарија 5 : 1 6: 1 Пријателски
2. 6 јуни 2009 година Стадион на Црвена ѕвезда, Белград, Србија   Австрија 1 : 0 1: 0 Квалификации за Светското првенство 2010 година
3. 9 септември 2009 година Стадион на Црвена ѕвезда, Белград, Србија   Франција 1 : 0 1: 1 Квалификации за Светското првенство 2010 година
4. 4 јуни 2010 година Стадион на Партизан, Белград, Србија   Камерун 3 : 2 4: 3 Пријателски

Наводи

уреди
  1. Ненад Милијаш, после 11 година са Звездом гост у Земуну у Горњој вароши
  2. Milijaš i definitivno u Zvezdi
  3. 3,0 3,1 „Milijaš od Voždovca do Proletera: Hoće li na 14. mesto?“. Архивирано од изворникот на 2019-08-15. Посетено на 2022-01-27.
  4. Пројектил Милијаша
  5. Шампиони државе 2006.
  6. Освајачи Купа 2006.
  7. Шампиони државе 2007.
  8. Zvezdi 25. titula u Humskoj
  9. Освајачи Купа 2007.
  10. Vremeplov: Bomba Milijaša u srce grobara za plasman u finale Kupa 2007.
  11. Милијаш: Чудно што је мој гол последњи за Звезду у Лиги Европе (ВИДЕО)
  12. Nesrećni poraz Zvezde u 90. minutu
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 „Срећан рођендан, капитену!“. mojacrvenazvezda.net. 30 април 2018. Посетено на 19 јули 2019.
  14. Времеплов: Сегундо Кастиљо решио 132. вечити дерби за тријумф од 4:1 пред празном Мараканом
  15. Милијаш ни после девет година не може да преболи поништен гол против Партизана: Неправда ме и даље прогања...
  16. „Zvezdini golgeteri: Vijeira i Katai već blizu vrha“. Архивирано од изворникот на 2019-01-01. Посетено на 2022-01-27.
  17. Мореира и Милијаш најбољи у протеклој сезони
  18. Milijaš predstavljen u Vulvsima
  19. „Hammers ruin Wolves' return“ (англиски). Sky Sports. 15 август 2009. Архивирано од изворникот на 2009-08-18. Посетено на 2022-01-27. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. Milijaš u prvom timu Premijer lige
  21. PL: Prvenac Milijaša, Junajted lako
  22. Gol Milijaša u pobedi Vulvsa
  23. Srbi briljirali, golovi Vidića, Ivanovića i Milijaša za pobede
  24. Premijer liga: Bane i Milijaš strelci
  25. Liverpul lako sa Junajtedom, Milijaš namučio Totenhem
  26. Gol Milijaša iz penala
  27. Karling Kup: Žigić, Milijaš strelci
  28. FA KUP: Jalovi Arsenal, evrogol Milijaša[мртва врска]
  29. Milijaš pocrveneo, Arsenal kiksnuo
  30. Milijaš mora da pauzira tri meča
  31. Odbijena žalba na suspenziju Milijaša, slede tri meča pauze
  32. Nenad Milijaš na prodaju
  33. Milijaš formalno slobodan
  34. Milijaš: Bilo je još zainteresovanih klubova, ali svi znaju koliko volim Zvezdu
  35. Кулу ће посебно памтити Милијаш и Савићевић, www.sportal.rs, 23. 9. 2012.
  36. 143. VEČITI DERBI: Milijaš spasio prvenstvo, Zvezda dobila Partizan
  37. Шампиони државе 2014.
  38. Kako se kovala Zvezdina titula: Kapiten Miki, Džoni, Nine i njihova posada
  39. Crvena zvezda - Radnički Niš 2:0 (2:0)
  40. Zvezda nadigrala Jagodinu - 3:0
  41. Милијаш се победом растао од Звезде
  42. „Милијаш представљен у Маниси“. zurnal.rs. 26 август 2014. Посетено на 27 август 2014.
  43. Zvanično: Milijaš kod Antića u Kini!
  44. 44,0 44,1 Nenad Milijas - National Football Teams
  45. „ŽI LIGA: Milijaš odveo Hebei u Superligu Kine (VIDEO)“. Архивирано од изворникот на 2022-01-27. Посетено на 2022-01-27.
  46. „Nenad Milijaš postao "Mongol". Архивирано од изворникот на 2016-08-31. Посетено на 2022-01-27.
  47. Nenad Milijaš ponovo u Zvezdi!
  48. JUBILEJ I 200. MEČ Milijaš: Zvezda mi je dala mnogo više nego što ću ja moći da joj vratim
  49. „Milijaš prestigao Milovanovića: Najčešći od Barija“. Архивирано од изворникот на 2019-08-20. Посетено на 2022-01-27.
  50. Милијаш: Ова титула је посебна
  51. KAPITEN ZVEZDE OBARA REKORDE Evo zbog čega je Milijaš ušao u istoriju još od vremena SFRJ
  52. Milijaš rekao zbogom fudbalu, uz pobedu i veliki oproštaj
  53. Okuka saopštio konačan spisak
  54. U21: SCG ispala na penale!
  55. Polanski gets Germany going (англиски)
  56. Ivanović caps Portugal misery (англиски)
  57. Double celebration in Braga (англиски)
  58. Penalty drama goes Ukraine's way (англиски)
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 Ненад Милијаш reprezentacija.rs
  60. Србија победила Аустрију
  61. Srbija - Francuska 1:1
  62. „Ненад Милијаш“ (англиски). Soccerway. Посетено на 21 јули 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди