Матница

село во Валовишко, Егејска Македонија
(Пренасочено од М’тница)

Матница или М’тница (грчки: Μακρινίτσα, Макриница; до 1922 г. Μάτνιτσα, Матница[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци.[3]

Матница
Μακρινίτσα
Матница is located in Грција
Матница
Матница
Местоположба во областа
Матница во рамките на Синтика (општина)
Матница
Местоположба на Матница во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°17.50′N 22°59.6′E / 41.29167° СГШ; 22.9933° ИГД / 41.29167; 22.9933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&10000000000000375000000375 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно142
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта. Лежи во јужното подножје на планината Беласица, во северозападниот дел на Серското Поле. Југоисточно од него е Бутковското Езеро. Северно од селото се наоѓа манастирот „Рождество на пресв. Богородица“ („Пресв. Богородица Гумера“).[4]

Историја

уреди

Антика и средновековие

уреди

На ридот Калуѓерски Манастир на 1 км источно од Матница се остатоците од доцноантичката и раносредновековна Матничка тврдина која го чувала патот меѓу Беласица и Круша.[5]

Во Отоманското Царство

уреди

Во османлиските дефтери на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616–17 г. селото е заведено под името Мутниче со 94 даночно обврзани домаќинства, јагленари. Според документ од 1625 г. селото Матниче имало 70 домаќинства.[6]

Во XIX век Матница било село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. М’тишта (Mëtischta) било село со 175 домаќинства сочинети од 300 жители муслимани и 470 жители Македонци.[7][8] Во селото работела грчката пропаганда.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Матница, големо село 12 час на З од Порој, на Беласица, таму каде се слеваат со Круша. Жителите се земјоделци, овчари и дрводелци. Грчка црква и училиште со 28 ученици. 200 куќи Турци, 50 Македонци.[9][10]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во М’тница (Мѫтница) живееле 1.650 лица, од кои 750 Македонци-христијани и 900 Турци.[7][11]

Селото подоцна прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Матница (Matnitza) имало 640 Македонци под Егзархијата и во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 27 ученици.[12]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. За кмет бил назначен поранешниот андартски капетан Барба Коста.[13] Во 1913 г. селото броело 1.578 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 1.276 лица.[3] Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во истиот период 275 Македонци (70 семејства) се иселиле во Бугарија, не можејќи да го издржат грчкото угнетување. На нивно место власта доселиле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Матница била мешано село со 573 жители, од кои 439 лица (132 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[14]

Матница настрадала во Граѓанската војна кога населението е евакуирано во полските села. По војната во селото се вратиле само еден дел од жителите.[3]

Месности во Матница преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Гура[15] Γκούρα Мандрес Рема Μάνδρες Ρέμα[16] беласичка река З од Матница[15]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 860 144 497 264 224 268 365 280
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
  • Ѓора Тодорова Ефремиду (1915 – 1949) — комунистка[17]
  • Мехмед и Али — Турци, дејци на ВМОРО[18]

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 202. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „Σύναξη της Παναγίας Γουμερά στην Μακρυνίτσα“. Ορθόδοξος Συναξαριστής. 22 септември 2010. Посетено на 21 март 2020.
  5. „Κάστρο Μακρυνίτσας Σερρών“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 2 март 2024.
  6. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228, 300.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  9. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  10. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
  11. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  13. Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916 (PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 205. ISBN 978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  15. 15,0 15,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  16. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  17. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 24 септември 2011. Занемарен непознатиот параметар |arhiveurl= (help)
  18. Динев, Ангел (1946). Илинденската епопея : Развоя на макед. освободително движение. Ι. София: Печатница „Народен печат“, бул. „Македония“ № 5. стр. 362.