Црква „Св. Никола“ - Мрзен Ораовец

црква во Мрзен Ораовец, Кавадаречко

Св. Никола — поствизантиска православна црква во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Св. Јован Златоуст

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°29′05″N 21°51′28″E / 41.48472° СГШ; 21.85778° ИГД / 41.48472; 21.85778
Место Мрзен Ораовец
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1584 или 1694
Живопис 1694
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Црквата е изградена и живописана во 1694 година, според зачуваниот натпис над влезот од внатрешната страна. Претставува мала еднокорабна градба, градена од камен и варов малтер. На источната страна има петстрана олтарна апсида од надворешната страна. Одвнатре црквата е засводена со полукружен свод. Во олтарниот простор е олтарната конха, а северно и јужно од неа има две мали ниши — проскомидија и ѓаконик. Зографските работи се завршени исто така во 1694 г. како што е наведено на натписот. Авторите на фреските се непознати. Иконостасот и иконите на него, како и царските двери се од XIX век.[1]

Живописот се одликува со изразен графизам и студени бои.[2]

Викторија Поповска-Коробар дава ново толкување на ктиторскиот натпис и по подлабока анализа на иконографската програма заклучува дека храмот датира од 1584 г.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)
  2. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1331. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. Поповска-Коробар, Викторија (2011). „Нов поглед на ѕидното сликарство во Мрзенореовечката црква „Св. Никола" (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. IV (9): 157.

Надворешни врски

уреди