Падарница (Мрзен Ораовец)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Падарница“
| |
Местоположба | 41°27′48″N 21°52′33″E / 41.46333° СГШ; 21.87583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мрзен Ораовец |
Општина | Росоман |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Падарница — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрзен Ораовец, Општина Росоман. Претставува утврдена населба од старомакедонско и римско време.
На висок рид со доминантна положба, што се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, се забележуваат остатоци од помала утврдена населба. На површината има фрагменти од керамички садови, а најден е голем број монети, и тоа од македонските градови Тесалоника (подоцна Солун), Пела и Амфипол; римски републикански монети и монети од царевите Домицијан, Теодосиј, Анастасиј и др.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.