Монархизам — застапување на воспоставувањето, зачувувањето или враќањето на монархијата како општествено уредување во една земја. Монархист е лице кое го поддржува ова општествено уредување од принцип, независно од личноста, монархот.

Дел од темата „Политика“ on
Монархизам

Портал „Монархија“
Портал „Политика“

Во овој систем, монархот може да биде лице кое е веќе на престолот, претендент, или некој кој би бил на престолот, но е тргнат. Лицето кое се повикува на своето право на престолот чиј предок бил тргнат се нарекува „претендент“.

Според некои, моархизмот се фокусира на системот на монархија, велат дека поимот 'монархист' не е истоветен со поимот 'ројалист'. Монархизмот било важно политичко движење со векови, но во XX век, најагресивните форми на монархизмот имаат исчезнато во највеќето земји, но истовремено како таков доживувал големо политичко влијание низ целиот XX и почетокот на XXI век, како во Иран со Иранската револуција и Непал со Непалската граѓанска војна.

Историска позадина

уреди

Во 1688, со британската Славна револуција и оборувањето на кралот Џејмс II биле воспоставени принципите на уставна монархија, кои потоа биле разработени од Монтескје и други мислители. Меѓутоа апсолутната монархија, според теориите на Томас Хобс во неговото дело Левијатан (1651), се задржала како доминантен принцип. Во XVIII век, Волтер и други се залагале за „просветлен апсолутизам“, принцип прифатен од светиот римски цар Јозеф II и Катерина Велика.

Апсолутизмот и понатаму билк доминантен како политички принцип на суверенитет сѐ до Француската револуција (1789) и кралоубиството на Луј XVI, со што се поставиле темелите на народниот суверенитет со поткрепа од Жан-Жак Русо. Републиканството почнало да ја оспорува легитимноста на монархијата. Контрареволуционерите како Жозеф де Местр и Луј де Боналд почнале да бараат враќање на Стариот режим, кој се засновал на поделба на луѓето на три сталежа и на Божјето право на кралевите. По истерувањето на Наполеон Бонапарт во 1814, Коалицијата ја вратила Бурбонската династија и го втурнала Луј XVIII на престолот на Франција. Перидот што следел, наречен Реставрација, се одликувал со остри концервативни реакции и враќањето на моќта на Римокатоличката црква, со поддршка на ултрамонтанското движење во Франција. По Јулската револуција (1830) и падот на Шарл X, легитимистичкиот огранок бил поразен и Орлеанистите, во поддршка на Луј-Филип, ја прифатиле уставната монархија.

Со револуциите во 1848 почнал нов бран на револуции против европските монархии.

Со Првата светска војна и нејзините последици, им дошло крајот на трите големи европски династии: Романови (Русија), Хоенцолерновци (Германија) и Хабсбурговци (Австроунгарија). Во Русија, Февруарската револуција (1917) резултирала со абдикацијата на цар Николај II и создавањето на Советскиот Сојуз и граѓанска војна помеѓу болшевичката Цервена и монархистичката Бела армија (1917-1921). Со формирањето на Унгарската Советска република 1919 монархизмот добил поголема поддршка, меѓуто аунгарските монархисти не успеале да постават крал на чело на државата, па моархистите морале да се помират со регент. Тоа бил адмиралот Миклош Хорти кој ја претставувал монархијата сѐ додека не биде вратена. Хорти бил регент од 1920 до 1944. Во Германија почнала да се собира поголема група монархисти околу Германската национална народна партија која барала враќање на Хоенцолерносвската монархија Вајмарска Република. Партијата имала многубројна поддршка сѐ до надоаѓањето на Нацизмот во 1930-тите.

 
Хералдички приказ на круната на Италијанската монархија

Со доаѓањето на комунизмот во Источна Европа по 1945, преостанатите европски монархии како Кралството Романија, Кралството Унгарија и Кралството Југославија биле укинати и заменети со социјалистички републики.

По Втората светска војна се забалежил повраток на соперништвото помеѓу монархистите и републиканците во Италија, па затоа бил одржан референдум за да се одреди дали Италија треба да остане монархија или да стане република. Републиканците победиле на референдумот и така е формирана денешна Република Италија.

Монархизмот како меѓународна политичка сила има значајно опаднато во годините по Втората светска војна, иако одиграл важна улога во Иранската револуција (1979), а и до 2008 имал улога во Непал, како општество поделено на оние кои ја поддржуваат монархијата и оние кои ги поддржуваат Маоистичките бунтовници кои сакаат да ја соборат. Непал е една од последните држави со апсолутен владетел — кралот Ѓанендра се прогласил за апсолутен владетел на Непал во 2005. Најстарата монархија во светот е онаа Етиопија, која во 1974 била укината со падот на царот Хајле Селасие.

Монархистички групи - некогашни и денешни

уреди

Светски

уреди

Азија

уреди

Африка

уреди

Европа

уреди

Латинска Америка

уреди

Океанија

уреди

Северна Америка

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди