Левијатан“ — политичко-филозофско дело на англискиот материјалист Томас Хобс, објавен во 1651 година.[1] Станува збор за митското суштество Левијатан, кој има хебрејско потекло и значи „морско чудовиште“, „голем брод“ или „силен човек“.

Насловна страница на книгата, дело на Абрахам Бос во соработка со Хобс

Кај Хобс, левијатан е суверена државна власт (за него најдобра форма е апсолутна монархијата), која е потребна за да се присилат луѓето на своите обврски.[2] Затоа луѓето склучуваат договори за „својата моќ и сила од еден човек да се пренесе на еден човек или на неколку луѓе“, и така што создадат државна заедница. Инаку, луѓето би се вратиле во природна состојба во која човекот на човек е волк, ако немало општествен договор на основа на разумните правила да не прават на другиот ништо што не би сакале ним да им го прават.

Наводи

уреди
  1. „Политичката филозофија на Томас Хобс“. МК Револуција. април 05 2013. Посетено на 2013-04-16. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  2. „Hobbes's Moral and Political Philosophy“. Stanford Encyclopedia of Philosophy. (проверено на 11 март 2009)

Надворешни врски

уреди