Мепен
Мепен (германски: Meppen) — град и административно седиште на округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на вливот на реките Емс, Хазе и Нордраде и каналот Дортмунд-Емс. Името потекнува од зборот „мапе“, што означува делта.
Мепен
Meppen | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Емсланд |
Градски единици | 13 |
Градоначалник | Хелмут Кнурбајн (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 188,48 км2 |
Надм. височина | 14 м |
Население | 36.117 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 192 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EL |
Пошт. бр. | 49716 |
Повик. бр. | 05931 |
Портал | www.meppen.de |
Местоположба на градот Мепен во рамките на округот Емсланд | |
Координати | 52°41′37″N 7°17′34″E / 52.69361° СГШ; 7.29278° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиМепен се наоѓа во средишниот дел на округот Емсланд, на устието на Хазе во Емс. Околу половина колометар од нејзиното устие во Емс, Хазе се спојува со каналот Дортмунд-Емс. Градот е сместен во Северногерманската Низина.
Центарот на градот се наоѓа 18 километри источно од холандската граница. Градот Линген (Емс) се наоѓа на 20 километри на југ, додека градот Папенбург е сместен 45 километри на север.
Клима
уредиВо Мепен преовладува морска клима, која е под влијание на северозападните ветришта од Северното Море. Годишната просечна температура изнесува 8,9 °C и паѓаат околу 740 милиметри врнежи.
Клима на Мепен | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 3 | 4 | 8 | 13 | 18 | 21 | 22 | 22 | 19 | 14 | 8 | 4 | 13 |
Просечна минимална (°C) | −2 | −2 | 0 | 3 | 7 | 10 | 12 | 12 | 9 | 6 | 2 | −1 | 4,7 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 65,9 | 43,7 | 53,9 | 49,1 | 57,2 | 72,9 | 70,8 | 67,9 | 59,6 | 58,8 | 67,6 | 72,1 | 739,5 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 11 | 9 | 10 | 10 | 10 | 11 | 10 | 10 | 9 | 9 | 11 | 12 | 122 |
Сончеви часови (дневно) | 1 | 2 | 3 | 5 | 7 | 7 | 6 | 6 | 5 | 3 | 2 | 1 | 4 |
Извор: Германска временска служба[2] |
Соседни општини
уредиМепен се граничи со следниве градови и општини: градот Харен (Емс) на север, општинската заедница Зегел на североисток, градот Хазелине на исток, општината Гесте на југ и општината Твист на запад.
Градски единици
уредиНа 1 јули 1967 година, градот Мепен и општината Формепен се споиле доброволно, за денес нивната граница одвај да е видлива. Тие го образуваат градското јадро, кое е соствена од следниве градски делови:
- Стариот град (Altstadt) е историското градско јадро непосредно јужно од устието на Емс и Хазе. Тој е опкружен од градскиот ѕид, остаток од поранешните градски утврдувања. Во средиштето на Стариот град се наоѓа плоштадот, каде се наоѓа историското Градско собрание. Во непосредна близина на Градското собрание се наоѓа гимназиската црква, а понатаму се наоѓа пробската црква.
- Естерфелд се наоѓа во западниот дел на градското јадро на левиот брег на Емс и од 1960-тите и 1970-тите години е градски дел со најмногу жители.
- Фелдкамп/Хелтер Дам е станбена област во југоисточниот дел на градското јадро, која од средината на 1980-тите години има многу нови станбени единици.
- Кувајде се наоѓа јужно од Стариот град, подигнат кон крајот на 1950-тите години.
- Нојштат се наоѓа на десниот брег на Хазе и Емс во североисточниот дел на градското јадро. Во Нојштат се наоѓа железничката станица и окружната администрација на округот Емсланд.
- Недике се наоѓа на југ од градското јадро, лево од каналот Дортмунд-Емс. Тука се наоѓа најголемата стопанска област во градот.
- Шлојзенгрупе на југ од градското јадро се наоѓа спроти Недике, десно од каналот Дортмунд-Емс.
На 1 јули 1970 година еден мал дел од распуштената општина Грос Фулен со околу 20 жители се припоил на градот. Со општинската реформа од 1 март 1974 година, поранешните општини Грос Фулен (делумно), Клајн Фулен, Риле и Ферзен, кои ја образувале новата општина Емслаге (без Рилерфелд и Рилермор) на 1 јули 1970 година, како и селата Апелдорн, Бокело, Боркен, Хелте, Хемзен, Холтхаузен, Хинтел, Швефинген и Теглинген биле припоени кон Мепен.[3]
- Апелдорн (777)
- Бокело (1253)
- Боркен (545)
- Грос Фулен (1072)
- Клајн Фулен (401)
- Хелте (596)
- Хемзен (750)
- Холтхаузен (142)
- Хинтел (328)
- Риле (1397)
- Швефинген (442)
- Теглинген (771)
- Ферзен (1795)
(во заградите е бројот на жители на 9 март 2005 г.)
Историја
уредиМепен, некогаш утврден град, поседува 12-вековна историја. Првото документирано споменување на Мепен потекнува од 834 година во декрет на франкискиот цар Лудвиг Побожниот.
- 945 — Царот Отон I Велики му доделил права на градот да кова монети и да наплаќа давачки, по пазарните права во 946 година.
- 1252 — Грофицата Јута фон Фехта-Равенсберг ги продала своите поседи на епископот од Минстер. Мепен станал дел од Долното Кнежевство Минстер.
- 1360 — Мепен добил право да изгради градски утврдувања од епископот Адолф од Минстер и со тоа градски права. Во текот на следните три века до 1660 година, Мепен е изграден како утврден град.
- 1762 — На крајот на Седумгодишната војна, утврдувањата биле срушени. Меѓутоа, некои делови од ѕидините останале и денес.
- 1803 — Со резолуција Мепен бил доделен на војводата на Аренберг за да му надоместат неговите загуби на западниот брег на Рајна. Мепен станал главен град на Војводството Аренберг.
- 1811 — Мепен е анектиран во Првото Француско Царство како кантонално седиште.
- 1813–1814 — Окупација од Прусија.
- 1814–1815 — Резолуции на Виенскиот конгрес го доделиле Мепен и Војводството Аренберг на Кралството Хановер.
- 1855 — Мепен се поврзал на хановерската западна железничка линија по нејзиното отворање.
- 1866 — Хановер станал покраина на Прусија.
- 1871 — Станува дел од Германското Царство.
- 1938 — Кристална ноќ: германската полиција и Штурмабтајлунг влегувале во еврејски куќи и вршеле масовни апсења, тепања и тортури на Евреи. Германците ја запалиле синагогата и уништиле еврејски домови и фирми. Некои Евреи биле пренесени во концентрацискиот камп Ораниенбург.[4]
- 1939 — Германски камп за воени затвореници Сталаг VI-B бил основан во Мепен-Ферзен, каде првично се наоѓале околу 5.000 Полјаци од почетокот на војната, а потоа од 1940 до 1942 година биле држени и француски, белгиски, полски, советски и други воени затвореници.[5]
- 1943 — Италијански воени затвореници биле донесени од Германците во кампот.[5]
- 1944 — Кампот бил претворен во подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[5][6] На 1.700 мажи биле затворени тука и користени како принудни работници,[6] а над 20% од нив починале.[7]
- 1945 — Затворениците од подкампот биле евакуирани од Германците во Бремен, повеќето во смртен марш, во кој најмалку 50 затвореници умреле, додека болните биле испратени со воз и потоа пренесени во главниот концентрациски камп Нојенгаме.[6][7]
- 1946 — Државата Прусија и официјално е распуштена по Втората светска војна и Мепен станува дел од новата покраина Долна Саксонија.
- 1977 — Окружните реформи во Долна Саксонија ги обединиле поранешните окрузи Линген, Мепен и Ашендорф-Химлинг во округот Емсланд, каде Мепен бил поставен за административно седиште.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови.[8] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[9]
Партија/Листа | Места | Промена |
CDU | 16 | − 1 |
SPD | 8 | − 1 |
UWG | 5 | − 1 |
Grüne | 6 | + 3 |
FDP | 2 | ± 0 |
AfD | 1 | + 1 |
Градоначалник
уредиДо изборите во 2001 година, градоначалник бил еден од членовите на Градскиот совет и имал само претставничка улога.
Прв избран градоначалник бил Хајнц Јансен (CDU), додека моментален градоначалник е Хелмут Кнурбајн (независен).
- Почесни градоначалници
- Херман Керкхоф (1946)
- Арнолд Бланке (1946–1947)
- Вилхелм Загемилер (1948–1956)
- Арнолд Бланке (1956–1967)
- Ханс Плате (1975–1988)
- Вилхелм Мевенкамп (1988–1994)
- Карин Штиф-Краје (1994–1996)
- Хајнц Јансен (1996–2001)
- Градоначалници
- Хајнц Јансен (2001–2006)
- Јан Ерик Болинг (2006–2014)
- Хелмут Кнурбајн (од 2014)
- Градски директори
- Ханс Кранебург (1946–1964)
- Ханс Зимон (1964–1989)
- Франц Кватман (1989–2001)
Збратимени градови
уредиМепен е збратимен со следниве градови:
- Остроленка, Полска (од 1994 г.)
Галерија
уреди-
Гимназијата
-
Улица во градот
-
Градби во центарот
-
Музеј
-
Пешачка зона
-
Старото пристаниште
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niederschlagsdaten nach Deutschem Wetterdienst, Normalperiode 1961–1990
- ↑ „Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27.5.1970 bis 31.12.1982“. Stuttgart/Mainz: Statistisches Bundesamt. 1983. стр. 257. ISBN 3-17-003263-1. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „Meppen“ (германски). Посетено на 11 September 2020.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Meppen-Versen“ (германски). Посетено на 11 September 2020.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Meppen-Versen“. KZ-Gedenkstätte Neuengamme. Посетено на 11 September 2020.
- ↑ 7,0 7,1 „Meppen-Versen“ (германски). Посетено на 11 September 2020.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_560. Занемарен непознатиот параметар
|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|abruf=
(help); Отсутно или празно|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Мепен на Ризницата ?
- Матична страница (германски)