Канал Дортмунд-Емс

Каналот Дортмунд-Емс е 269 километри долг канал во Германија помеѓу речното пристаниште во градот Дортмунд (51°31′30″N 7°26′40″E / 51.52500° СГШ; 7.44444° ИГД / 51.52500; 7.44444) и морското пристаниште Емден. Вештачкиот јужен дел на каналот завршува по 215 километри на браната Хербрум, во близина на Мепен. Оттука, каналот продолжува околу 45 километри по должината на реката Емс до браната во Олдерсум. Тука, каналот продолжува со дополнителен вештачки дел од 9 километри. Ова е направени, поради тоа што видовите на бродови во времето на градење на каналот не биле направени за отворено море, на Доларт и влезот во морското пристаниште во Емден. Овој дел од каналот е поврзан со каналот Емс-Јаде од Емден до Вилхелмсхафен.

Каналот Дортмунд-Емс во Минстер
Каналот Дортмунд-Емс во зима
Брана во Минстер

Каналот бил отворен во 1899 година. Причината за изградба на каналот била за олеснување на товарот на железницата, која не можела да пренесува производи од областа Рур. Исто така, каналот требало да го направи јагленот од областа Рур поконкурентен со увозниот англиски јаглен. Исто така, на челичната индустрија во источен Рур ѝ била потребна руда од странство.

Каналот бил нападнат повеќепати во текот на Втората светска војна поради неговата стратешка важност. Нападот во септември 1943 година од ескадрилата на кралските воздушни сили бил неуспешен и скап. Ескадрилата го нападнала повторно во септември 1944 користејќи Талбој „земјотресни“ бомби, нанесувајќи му големи штети. Бил обновен по војната.

Најпознатата градба на каналот Дортмунд-Емс е „лифтот Хенрихенбург“ во Валтроп, што му овозможува на бродот да премина разлика во висина од 14 метри. Работело до 1962 година и потоа бил заменет со нов лифт и брана. Денес, во него се наоѓа Westfälisches Industriemuseum.

Неколку километри на север, каналот го достигнува градот Дателн, кој се наоѓа на раскрсницата на четири канали:

Старата патека на каналот ги поминувала реките Липе, Штефер и Емс на мостови. Овие мостови биле изградени со големи лакови и мостот над Липе се наоѓа 15 метри над реката.

По Втората светсак војна, каналот бил проширен. Делови од каналот биле издигнати над земјата, бидејќи не можеле да бидат проширени и затоа новата патека била изградена помеѓу Олфен и Минстер. Овие делови на каналот се наоѓаат паралелно со старата патека, а затоа биле изградени нови премини над реките. Старата патека била затворена за бродовите.

Во моментов, каналот се проширува повторно. Ова е направено без да се затвори самиот канал.

Градови долж Каналот

уреди

Дортмунд - Валтроп - Дателн - Олфен - Линдингхаузен - Зенден - Хилтруп - Минстер - Деренте - Херстел - Бевергерн - Рајне - Хеселте - Линген - Гесте - Мепен - Харен - Папенбург - Дите - Хеде - Лее - Ашендорф - Олдерсум - Емден -

Поврзано

уреди

52°16′55″N 7°32′31″E / 52.28194° СГШ; 7.54194° ИГД / 52.28194; 7.54194