Штурмабтајлунг
СА (германски: ⓘ, SA; Штурмабтајлунг - „Јуришен одред“) —паравоена организација на Нацистичката партија во Германија. Одиграла главна улога во издигнувањето на Адолф Хитлер во триесеттите.
Припадниците на СА исто така биле нарекувани „кафеави кошули“ заради бојата на нивните униформи, и за да се разликуваат од СС, кои носеле црни и кафеави кошули. Кафеавите кошули биле одбрани од СА затоа што биле на големо достапни евтино по Првата светска војна, кога биле носени од трупите во Африка.
СА е исто така првата нацистичка паравоена група што развила псевдо-воени титули за нејзините членови. Чиновите во СА биле позајмени од неколку други групи на Нацистичката партија, меѓу кои главна била СС. СА биле многу важни за Хитлеровото издигнување, пред да бидат потиснати од СС по Ноќта на долгите ножеви.
Историја
уредиИмето Штурмабтајлунг (Јуришни војници) датира од пред основањето на Нацистичката партија во 1919. Изворно доаѓа од специјализираните напаѓачки трупи користени од Германија во 1918 во Првата светска војна, коишто ги употребувале инфилтрирачките тактики на Хутиер. Наместо да напаѓаат со голема маса луѓе, Штурмабтајлунг биле организирани во мали одреди од по неколку војници. Првпат биле употребени за време опсадата на Рига, потоа повторно во Битката кај Кобарид, а нивната поширока употреба во март 1918 им овозможила на Германците да ги притискаат британските и француските војски десетици километри.
Есента 1920 година во Минхен, Хитлер ги основал т.н. „Ordnertruppen“ (Орднертрупен) со цел да ги штитат собирањата на Нацистичката партија, од прекини и вознемирувања од страна на социјалдемократите и комунистите. На 4 ноември 1921, Нацистичката партија оддржала голем јавен собир во Минхен. Откако Хитлер зборувал некое време, собирот избувнал во тепачка во којашто придружбата од Орднертрупен ја претепала опозицијата. По ова, организацијата почнала да се вика СА. Под нејзиниот познат водач Ернст Рем, значењето на СА во нацистичката структура се зголемило, а нејзиното членство пораснало до илјадници членови. Во 1922 година, Нацистичката партија основала младинска секција, т.н. Југендбунд (Jugenbund), за младинци на возраст од 14 до 18 години. Наследникот на оваа секција, Хитлеровата младина, останала под команда на СА до мај 1932.
Од април 1924 до крајот на февруари 1925, СА биле познати како Фронтбан за да ја избегнат привремената забрана на Нацистичката партија. СА спровеле бројни чинови на насилство против социјалистичките групи за време на дваесеттите, главно во улични тепачки наречени „Zusammenstöße“ (Цузаменштесе, Судири). На крајот СС ја преземале нивната улога.
Националсоцијализам |
---|
Организации
Историја
Идеологија
Списоци
|