Харен (Емс)
Харен (службено наречен: Харен (Емс); германски: Haren или Haren (Ems)) — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Харен (Емс)
Haren (Ems) | ||
Поглед на Харен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Емсланд | |
Градски единици | 12 | |
Градоначалник | Маркус Хонигфорт (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 208,76 км2 | |
Надм. височина | 9−15 м | |
Население | 24.498 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 117 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | EL | |
Пошт. бр. | 49733 | |
Повик. бр. | 05932 | |
Портал | www.haren.de | |
Местоположба на градот Харен (Емс) во рамките на округот Емсланд | ||
Координати | 52°46′0″N 7°13′0″E / 52.76667° СГШ; 7.21667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиХарен се наоѓа во средишниот дел на округот Емсланд помеѓу градовите Мепен и Папенбург, сместен на реката Емс.
Соседни општини
уредиХарен на север се граничи со општинската заедница Латен, на исток со општинската заедница Зегел, на југ со градот Мепен и општината Твист, додека на запад со холандската општина Емен и Вестерволде.
Градски единици
уредиГрадот Харен (Емс) се состои од градското јадро, како и следниве десет единици:[2]
- Алтенберге
- Емен-Ракен
- Емелн
- Ерика
- Фендорф
- Ландеге
- Линдло-Швартенберг
- Ритенброк
- Тинен
- Везуве
Историја
уредиХарен бил првпат споменат во средниот век (околу 890 г.) во декрет на манастирот Корвеј. Околу 1150 година била основана населбата Нојхарен (Neuharen; „Нов Харен“), додека соседната Алтхарен (Altharen; „Стар Харен“) создадена околу месниот замок, припаѓала на бискупот од Минстер, кој ја купил околу 1252 година од војвотката Јута фон Равенсберг. На крајот на Триесетгодишната војна, Харен бил скоро целосно уништен, но набрзо се опоравил и станал познато трговско пристаниште на реката Емс. Жителите на Харен биле во голем дел трговски и поморци, пренесувајќи жито и други добра долж реката Емс.
Во текот на Наполеонската епоха во 1803 година, градот бил доделен на војводата на Аренберг како компензација за земјите на другата страна на реката. Меѓутоа, веќе во 1810 година, градот бил непосредно вклучен во Француското Царство. На Виенскиот конгрес, Харен, заедно со целото Војводство Аренберг-Мепен, бил доделен на Кралството Хановер, кое во 1866 година станало дел од Кралството Прусија и потоа на Германското Царство. По Франко-пруската војна бил поставен голем камп за воени затвореници во негова близина. Француските затвореници, покрај другото, го изградиле каналот Харен-Ритенброк. И покрај сите промени, до 1913 година, обете населби биле непосредно управувани од црквата. Дури тогаш, германската влада ја презела административната област на Мепен, на која припаѓал Харен.
До 1935 година имало 205 брода од различни големини регистрирани во Харен. Додека некои од нив биле мобилизирани и изгубени на море во текот на Втората светска војна, Харен останал познато пристаниште за германските бродови. Алтхарен и Нојхарен биле конечно обединети во октомври 1956 година, а во декември 1965 година Харен добил градски права.
Полска енклава
уредиНа крајот на Втората светска војна имало повеќе од 3 милиони полски граѓани во Германија, повеќето од нив раселени лица, кои биле или принудни работници, затвореници во концентрациските кампови или воени затвореници. Бидејќи политичката ситуација во Полска била несигурна, сојузничките сили одлучиле да основаат полска енклава во Германија. Бидејќи Харен се наоѓал во окупациската зона освоена од Првата полска дивизија, бил избран како средиште на полската енклава во Германија.
На 19 мај 1945 година, дивизијата ги преселила сите семејства од Харен во околните места. Над 4.000 Полјаци од камповите во Северна Германија се преселиле во градот.[3] Многу од нив биле членови на Армија Крајова, мажи и жени, кои се бореле во Варшавското востание од 1944 година.
Првично, новата полска енклава била именувана Лвув, по град во југоисточна Полска окупиран и анектиран од Советскиот Сојуз. Меѓутоа, под советски притисок, името било променето во Мачкув во чест на генералот Станислав Мачек.[3] Улиците во градот биле преименувани на полски.
Во текот на следните месеци биле воспоставени полски градоначалник, полско училиште, полска противпожарна бригада и полска парохија. Во парохијата се случиле 289 венчавки и 101 погреб, а 479 Полјаци имаат изводи на раѓање со Мачкув како место на раѓање.
Есента 1946 година, полските сили сместени во Северозападна Германија започнале да се демобилизираат и да се враќаат назад во Велика Британија. Исто така, цивилите започнале да се враќаат во Полска или да се селат во другите европски држави. На крајот, до крајот на 1948 година, градот бил вратен на првичните жители (и преименуван како Харен).
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Харен е Маркус Хонигфорт, кој бил повторно избран на 25 мај 2019 година.[6]
Збратимени градови
уредиХарен (Емс) е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Куќа Ландеге
-
Катедралата во Харен
-
Пристаништето во Харен
-
Градското собрание
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Bürgermeister Honnigfort (2011-11-03). „Hauptsatzung der Stadt Haren (Ems), § 3 Ortschaften“ (PDF). Посетено на 2015-05-07.
- ↑ 3,0 3,1 Karl Forster. „Haren - Lwów - Maczków - Haren; Eine polnische Stadt in Deutschland (A Polish city in Germany)“. polen-news.de (германски). Deutsch-Polnische Gesellschaft der Bundesrepublik Deutschland. Посетено на 2010-03-11.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_558. Занемарен непознатиот параметар
|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|abruf=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Wahl des/der Bürgermeisters/in 26.05.2019 Stadt Haren (Ems)“ (PDF). Stadt Haren (Ems). 29.05.2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-11-16. Посетено на 16.11.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Харен на Ризницата ?
- Матична страница (германски)