Мавританија

(Пренасочено од Мауританија)

Мавританија е исламска република во Северозападна Африка. Зафаќа површина од 1,131,800 км2. Главен град е Нуакшот. Независна е од 1960 година. Населението е Маври (Биданес). Религијата е претставена со ислам, анимизам и тотемизам. Службени јазици се арапски и француски.

Исламска Република Мавританија
الجمهورية الإسلامية الموريتانية
Al-Jumhūriyyah al-Islāmiyyah al-Mūrītāniyyah
République islamique de Mauritanie
Знаме Грб
Гесло شرف إخاء ع   (арапски) (македонски: Чест, Братство, Правда)
ХимнаДржавна химна на Мавританија

Местоположба на Мавританија
Главен градНуакшот
18°09′N 15°58′W / 18.150° СГШ; 15.967° ЗГД / 18.150; -15.967
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски1,
француски (де факто)
Демоним мавританиец
Уредување воена хунта2
 •  Претседател на Високиот Совет на Мавританија Ба Мамоду Маре
 •  Премиер Мулаје Улд Мохамед Лагдаф
Независност од Франција 
 •  Датум 28 ноември 1960 
Површина
 •  Вкупна 1,030,700 км2 (29-та)
 •  Вода (%) 0.03
Население
 •  проценка за 2005 г. 3,069,000 (135-та)
 •  Попис 1988 1,864,236[1] 
 •  Густина 3.0 жит/км2 (221-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $6.221 милијарди[2] 
 •  По жител $2,052[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $3.161 милијарди[2] 
 •  По жител $1,042[2] 
Џиниев коеф. (2000)39
среден
ИЧР (2013) 0.487[3]
низок · 161ва
Валута Угија (MRO)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+0)
Се вози на десно
НДД .mr
Повик. бр. 222

Потекло на поимот

уреди

Историја

уреди

Во текот на 3 век, на територијата на денешна Мавританија започнала миграцијата на берберски племиња, главно од Северна Африка. Во 7 век и 8 век на овие простори дошле Арапите. Во 1076 година, Алморавидите го нападнале и освоиле Ганското царство[4]. Мавританската триесетгодишна војна (16441676) бил неуспешен обид на берберите да ја спречат инвазијата на арапските племиња, главно од кои било племето Бени Хасан. Потомците на ова племе го оформиле горниот слој на мавританското друштво. Француската колонизација на почетокот на XX век резултирала со укинување на ропството. Во 1920 година земјата била објавена за колонија на Франција, а од 1946 година за прекуморска територија. Независноста, земјата ја добила на 28 ноември 1960 година. По независноста, во земјата бил наложен еднопартиски систем, изгласувајќи нов устав. Неговата партија останала единствената легална организација во земјата. Претседателот Моктар улд Дада бил избран на таа функција на изборите во 1966, 1971, 1976. Во 1975 година земјата ја анексирала јужната територија на Шпанска Сахара, денеска Западна Сахара. Во 1978 година бил извршен државен удар и на власт дошол Воениот комитет за национална обнова. Следната година раководството на оваа група било протерено за да новите раководители името на организацијата го променат во Воен комитет за национален спас. Последниот воен удар во земјата станал во 2005 година, кога на ело на земјата дошол Воениот совет во името на справедливоста и демокатијата. На референдумот од 2006 година, народот на земјата го одобрил новиот устав според кој се ограничело времето на претседателскиот мандат. Денеска, земјата е член на Арапската лига и Организацијата на африканското едиство и ООН.

Географија и клима

уреди

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди

Земјата е поделена на 12 региони и еден престолнински округ:

Стопанство

уреди

Население, јазик и религија

уреди

Според податоци од 2008 година, населението на Мавританија изнесува 3.364.940 луѓе[5]. Скоро 100% од населението на Мавританија се муслимани. Службен јазик на земјата е арапскиот.

Верници во Мавританија
Муслимани
  
99,10 %
Христијани
  
0,30 %
Без Религија
  
0,10 %
Народна Религија
  
0,50 %

Култура

уреди

Музика

уреди

Спорт

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Mauritania : Location, Map, Area, Capital, Population, Religion, Language - Country Information“. Посетено на 2008-08-06.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Mauritania“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. Warner, Rachel. "Historical setting". In Mauritania: A Country Study (Robert E. Handloff, editor). Library of Congress Federal Research Division (June 1988). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  5. „CIA - The World Factbook - Mauritania“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2008-08-06.