Среден северен нуркач
Среден северен нуркач | |
---|---|
Мажјак во зима | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Merginae |
Род: | Mergus |
Вид: | Среден северен нуркач |
Научен назив | |
Mergus serrator Карл Лине, 1758 | |
Распространетост жолто - лето; сино - зима; зелено - цела година | |
Синоними | |
Merganser serrator |
Средниот северен нуркач (Mergus serrator), познат во Македонија и како белез е средно голема водна птица од семејството патки, редот на гусковидните. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]
Распространетост
уредиБелезот се размножува во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува по јужните крајбрежја на Европа, вклучително и Македонија. Живее крај езера, реки, морски и океански крајбрежја. Претпочита солени води.
Таксономија
уредиСредниот северен нуркач бил опишан со своето сегашно научно име од страна на Карл Лине во неговата книга од 18 век, Systema Naturae.[3]
Опис
уредиВозрасниот белез е долг 51–62 cm со распон на крилјата 70–86 см.[4] Тој има остра креста (пувка) и долг тенок црвен клун со назабени рабови. Изразен е половиот диморфизам. Мажјакот има темна глава со зелен сјај, бел врат и гради со боја на ’рѓа, грбот му е црн, а долните делови бели. Возрасните женки имаат сивкасто тело и глава со боја на ’рѓа. Младенчињата се како женките, но немаат бело кај вратот и на крилата.
Пливаат и нуркаат многу добро, но и по земја се движат, исто така, добро.
Женките се огласуваат со рапаво „праак-праак“, а мажјаците со тивки звуци како кивавица.
Исхрана
уредиСредниот северен нуркач претежно се храни со мали риби, но и со водни инсекти, ракови, и жаби. Кога се храни нурка во водата и до длабочина од 30 метра и се задржува под вода пола минута, а најчесто околу 15 секунди.
Размножување
уредиСредниот северен нуркач (белезот) е моногамна птица. Гнездото го прави на земја сред густа вегетација и високи треви подалеку од водата. Несе 4-14 јајца. Ги инкубира само женката во тек на 29-35 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени да можат да се движат и хранат самостојно и го напуштаат гнездото уште првиот или вториот ден. Еден пар одгледува само едно легло годишно.
Статус
уредиНа средниот северен нуркач се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Наводи
уреди- ↑ „Mergus serrator“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 9 December 2010.
- ↑ Состојба со птиците во Македонија 2012
- ↑ Linnaeus, Carl (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata (латински). Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 62.
- ↑ Jonsson, Lars (1992). Birds of Europe with North Africa and the MIddle East. Princeton University Press. стр. 118. ISBN 0-691-03326-9.
Надворешни врски
уреди- Cornell Lab of Ornithology-Red-breasted Merganser
- Massachusetts Breeding Bird Atlas-Red-breasted Merganser Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Среден северен нуркач, видеа, фотографии и звуци Архивирано на 3 февруари 2012 г. на Internet Bird Collection