Малик
Малик (албански: Maliq, порано: Malik) — гратче и општина во Горичката област, југоисточна Албанија. Ова е помалиот од двата града во областа, од кои другиот е Горица (Корча), оддалечен 11 км на југоисток од Малик. Денешната општина е создадена во 2015 г. со управната реформа во која се споени дотогашните општини Врешта, Гора, Либовник, Малик, Моглица, Пирк и Полјани.[1] Во 2011 г. вкупното население на територијата на денешната општина изнесувало 41.757 жители, и истата зафаќала површина од 656,34 км2.[2] Во 2011 г. тогашната општина Малик (денес општинска единица) броела 4.290 жители,[3] состоејќи се од Малик, Коланец, Гоча, Ѓирас, Бачка, Малик-Околина и Беловиште.[4]
Малик Maliq | ||
---|---|---|
општина | ||
Општинската управа на Малик | ||
Координати: 40°42′30″N 20°42′0″E / 40.70833° СГШ; 20.70000° ИГД | ||
Земја | Албанија | |
Област | Горица | |
Надм. вис. | 825 м | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | bashkiamaliq.gov.al |
По гратчето Малик било наречено и поранешното Маличко Езеро кое лежело во денешното Горичко Поле и било исцедено во 1940-тите со цел да се спречи ширењето на маларија и да се добие обработливо земјиште.
Стопанство
уредиГратчето се развило поради присуството на фабриката за преработка на шеќерна репка, отворена во 1951 г. со парична помош од Советскиот Сојуз. При отворањето, фабриката била способна за обработка на 1.000 тони репка, а подоцна проширена на 2.400 тони. Фабриката е затворена во 1990-тите, што довело до значителна невработеност во градот.[5]
Спорт
уреди- ФК „Малик“ (KF Maliqi) — фудбалски клуб во сопственост на општината, основан кон крајот на 1990-тите; домашен стадион е „Јован Аско“ во Малик со сместивост од 1.500 гледачи; игра во Втората фудбалска лига на Албанија.
Населени места во општината
уредиДенешната Општина Малик (Bashkia Maliq) е поделена на 7 општински единици со вкупно 82 населени места.
Општинска единица Врешта
уредиОпштинската единица Врешта опфаќа 4 населени места со вкупно 7.513 жители (2011). Нејзино седиште е селото Врешта (Vreshtas).
Општинска единица Гора
уредиОпштинската единица Гора (Gorë) опфаќа 18 населени места со вкупно 1.565 жители (2011). Нејзино седиште е селото Ложани (Lozhan).
- Бабјани (Babjen)
- Величани (Velçan)
- Вресово (Mesmal)
- Грибец (Mjaltas)
- Десемира (Desmirë)
- Доланец (Dolanec)
- Долани (Dolan)
- Звариште (Zvarisht)
- Конечко (Qënckë)
- Ложани (Lozhan)
- Марјан (Marjan)
- Молчани (Moçan)
- Ново Ложани (Lozhan i Ri)
- Острелица (Strelcë)
- Селце (Selcë)
- Сениште (Senisht)
- Тресово (Tresovë)
- Шалес (Shalës)
Општинска единица Либовник
уредиОпштинската единица Либовник опфаќа 13 населени места со вкупно 8.922 жители (2011). Нејзино седиште е селото Либовник (Libonik).
- Берас (Beras)
- Ваштомија (Vashtëmi)
- Влочиште (Vloçisht)
- Дритас (Drithas)
- Избок (Zboq)
- Калоча (Klocë)
- Кембатекар (Kembëthekër)
- Либовник (Libonik)
- Мамели (Memël)
- Манастирец (Manastirec)
- Почести (Pocestë)
- Синица (Symiz)
- Шкоза (Shkozë)
Општинска единица Малик
уредиОпштинската единица Малик опфаќа 7 населени места со вкупно 4.290 жители (2011). Нејзино седиште е гратчето Малик (Maliq).
- Бачка (Bickë)
- Беловиште (Plovisht)
- Ѓирас (Gjyras)
- Гоча (Goce)
- Коланец (Kolanec)
- Малик (Maliq)
- Малик-Околина (Fshat Maliq)
Општинска единица Моглица
уредиОпштинската единица Моглица опфаќа 17 населени места со вкупно 951 жител (2011). Нејзино седиште е селото Моглица (Moglicë).
- Варвара (Shpatmal)
- Врбица (Gurkuq)
- Гопеш (Gopesh)
- Добричани (Dobërçan)
- Душари (Dushar)
- Зареч (Zerec)
- Кучака (Kucakë)
- Маллик-Опари (Maliq-Opar)
- Моглица (Moglicë)
- Николица (Nikollarë)
- Осоја (Osojë)
- Пештани (Peshtan)
- Попчиште (Gurshqipe)
- Протопапа (Protopapë)
- Пулаха (Lumaj)
- Росовери (Bardhas)
- Торовец (Torovec)
Општинска единица Пирк
уредиОпштинската единица Пирк опфаќа 11 населени места со вкупно 7.652 жители (2011). Нејзино седиште е селото Пирк (Pirg).
- Бобоки (Bubuq)
- Велитрна (Veliternë)
- Гуришта (Gurishtë)
- Какач (Kakaç)
- Леминот (Leminot)
- Ново Село (Novoselë)
- Пирк (Pirg)
- Свирна (Zvirinë)
- Совјани (Sovjan)
- Чаушлија (Shqitas)
- Черешник (Qershizë)
Општинска единица Полјани
уредиОпштинската единица Полјани опфаќа 12 населени места со вкупно 10.864 жители (2011). Нејзино седиште е селото Полјани (Pojan).
Наводи
уреди- ↑ „Law nr. 115/2014“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24.
- ↑ „Interactive map administrative territorial reform“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2015-06-06.
- ↑ 2011 census results Архивирано на 24 септември 2015 г.
- ↑ Greece – Albania Neighbourhood Programme Архивирано на 27 март 2012 г.
- ↑ http://om.ciheam.org/om/pdf/c02-2/CI011004.pdf
- Prendi, F. “La civilisation préhistorique de Maliq”, Studia Albanica 1, 1966 : 254–266.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Малик“ на Ризницата ? |