Васил Брклески
Васил Стојанов Брклески (1922 во Мало Илино, Демирхисарско — 29 септември 1944 во Ивањевци, Битолско) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиВасил Стојанов Брклески е роден во 1922 година во селото Мало Илино. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил на 15 септември 1944 година. Припаѓал на седмата македонска бригада. Загинал во борба кај селото Ивањевци, на 29 септември 1944 година.[1]