Чуриловски манастир (Егејска Македонија)

манастир во Костурско, Егејска Македонија

Чуриловски манастир „Св. Никола“ (грчки: Μονή Αγίου Νικολάου Τσιριλόβου) — женски манастир кај селото Чурилово, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Чуриловски манастир
Свети Никола
Αγίου Νικολάου Τσιριλόβου
Манстирската црква и конак
Карта
40°29′37.0″N 21°23′33.0″E / 40.493611° СГШ; 21.392500° ИГД / 40.493611; 21.392500
МестоЧурилово, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршенаверојатно XVIII век
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Манастирот е сместен во северните пазуви на планината Саракина, на 4 км југоисточно од селото Чурилово. Во 1955 г. селото е преименувано во Агиос Николаос по името на манастирот.

Историја

уреди

Не е позната годината на основање на манастирот, но според митрополитот Филарет Костурски, тој настанал на крајот од XVIII век.[1]

За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908), под раководство на гркоманскиот игумен Григориј од Чурилово, манастирот станал прибежиште за грчките андарти што војвале со четите на МРО. Затоа, на 26 февруари 1905 г. Чуриловскиот манатир е изгорен од четата на Никола Марковски.[1][2][3] По неговата пропаст, манастирот станал метох на соседниот Олишки манастир.[1]

Манастирот е возобновен во 1963 г. веќе како женски манастир под раководство на архимандритот Севастијан Стефанопулос. Изградено е ново крило и параклис на „Св. Антониј“. Подигната е и нова манастирска црква во облик на трикорабна базилика.[1] Ќелијата на Павлос Мелас е претворена во музеј.[4][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
  2. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 138.
  3. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 211.
  4. „Αγίου Νικολάου Τσιριλόβου“. Архивирано од изворникот на 10 декември 2010. Посетено на 27 јануари 2011.
  5. Портал на Костур

Надворешни врски

уреди