Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лошница

црква во Лошница, Костурско

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — преродбеничка црква во селото Лошница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Пресв. Богородица Патеводителка, 1775 г.
Карта
40°27′21″N 21°25′44″E / 40.45583° СГШ; 21.42889° ИГД / 40.45583; 21.42889
МестоЛошница, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типбазилика
Стилпреродбенички
Завршена1761/1882
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Црквата е сместена на сретселото и има три периода на изградба. Првиот е од околу 1650 г. Од тој храм преостануваат делови од резбаниот иконостас — десниот дел на таблатурата и други делови, резбан проскинитар, на кој стои вредната икона „Богородица Патеводителка“ и две-три мали преносливи икони. Црквата била 4 м во ширина и 5-6 м во должина.[1]

Храмот е урнат и повторно изграден во 1761[2] или 1768 г.[1] според натписот на камен-темелникот. Неколку години подоцна, во 1775 г. е украсена со фин резбан иконостас и девет убави царски икони, дело на анонимни мајстори, владички прстол и проскинитар на Свети Ѓорѓи.[1] Овој храм бил широк и долг 6 м.[1]

Околу 1880 г. е срушена и втората црква, и за кратко време до 1882 г. е подигнат нов величествен храм од мајстори од Жупан, а црковните предмети, иконостасот и мебелот од стариот храм се пренесени во него.[1] На 22 јули 1936 г. црквата делумно настрадала во пожар, но преживеале иконостасот, владичкиот престол, двата проскинитара и сите преносливи икони освен една.[1]

Додека бил на чело на Костурската епархиха од 1931 до 1936 г. митрополитот Диодор Шишански ја префрлил парохијата во Шишанската епархија. На 24 февруари 1974 г. парохијата е вратена во Костурската епархија.[3]

Живопис и икони

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Ο άγιος Γεώργιος, πολιούχος του Γέρμα Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 21 април 2012. Посетено на 24 јули 2015.
  2. „Λαϊκές παροιμίες και παροιμιώδεις λέξεις και φράσεις απ' τον Γέρμα Καστοριάς. Καταγραφή του αείμνηστου Γυμνασιάρχη και συγγραφέα Χρίστου Γεωργίου (1889 - 1972.). 4η δημοσίευση“. Ο Γέρμας Καστοριάς. Посетено на 24 јули 2015.
  3. Στυλιάδη, Βασιλείου (30 март 2015). „Η Ενορία Αγίου Γεωργίου Γέρμα Καστοριάς, από το έτος 1974 έως σήμερα“. Φως της Καστοριάς. Посетено на 13 јули 2015.

Надворешни врски

уреди