Ласана Кулибали
Ласана Кулибали (роден на 10 април 1996 година, во Бамако) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Салернитана и на репрезентацијата на Мали.
Ласана Кулибали | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ласана Кулибали | ||
Роден на | 10 април 1996 | ||
Роден во | Бамако, Мали | ||
Држава | Мали | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Салернитана | ||
Број | 18 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015-2017 | Бастија | 44 | (1) |
2017-2021 | Анже | 49 | (2) |
2018-2019 | → Ренџерс | 19 | (1) |
2019-2020 | → Серкл Бриж | 16 | (0) |
2021- | Салернитана | 14 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2016 | Мали 23 | 1 | (0) |
2016- | Мали | 20 | (0) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Технички одлики
уредиКулибали е играч од средниот ред кој најчесто дејствува во улогата пред одбраната.[1]
Клупска кариера
уредиРоден во Бамако, Мали, Кулибали е производ на младинската школа на францускиот клуб Бастија, со кој го имал своето деби како професионалец во првата француска лига во 2015 година, на 8 август против Рен; тој го заменил Франсоа Камано во судиското продолжение при победата на неговиот тим со 2-1.[2] Две недели подоцна тој го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-0 против Генгамп.[3] Тој потоа склучил тригодишен договор со клубот на 2 јуни 2016 година. Меѓутоа, откако Бастија испаднала од Лига 1 во сезоната 2016-2017, тој го напуштил клубот после 49 настапи за него.
На 5 јули 2017 година, тој бил купен од друг француски клуб, Анже за 2 милиони евра.[4]
Откако не најде многу простор за игра во Анже, тој бил позајмен две години по ред: првата ја поминал во шкотскиот Ренџерс, каде забележал 30 настапи и постигнал 3 гола.[5] Првиот гол го постигнал против Марибор во Лига Европа, а околу еден месец подоцна погодил и во првенствената победата со 4-0 над Данди. Наредната сезона ја поминал на заем во белгискиот Серкл Бриж.[6][7]
По овие две години тој се вратил во Анже, каде ја одработил последната сезона од договорот, по што станал слободен агент во текот на летото 2021. На 31 јули 2021 година, тој се договорил со Салернитана, приклучувајќи му се на овој италијански клуб како слободен играч потпишувајќи четиригодишен договор. На 22 август, за време на натпреварот од првото коло на Серија А 2021-2022, тој го направил своето деби за Салернитана во поразот со 3-2 на гостувањето кај Болоња.
Репрезентативна кариера
уредиВо август 2016 година, го добил својот прв повик од репрезентацијата на Мали[8] за која го направил своето деби на 4 септември истата година во победата со 5-2 против Бенин.
Потоа, тој бил повикан за Африканскиот куп на нации во 2017,[9] во 2019 и 2021 година.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 12 јануари 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2015-2016 | Бастија | Л1 | 15 | 1 | КФ+ЛК | 2+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 1 |
2016-2017 | Л1 | 30 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 0 | |
Вкупно Бастија | 45 | 1 | 2+2 | 0 | - | - | - | - | 49 | 1 | |||||
2017-2018 | Анже | Л1 | 19 | 1 | КФ+ЛК | 0+3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 1 |
2018-2019 | Ренџерс | ШПЛ | 19 | 1 | КШ+ЛКШ | 1+1 | 1+0 | ЛЕ | 3[10]+6 | 1[10] | - | - | - | 30 | 4 |
2019-2020 | Серкл Бриж | ПЛ | 16 | 0 | КБ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 17 | 0 |
2020-2021 | Анже | Л1 | 29 | 1 | КФ+ЛК | 2+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 1 |
Вкупно Анже | 48 | 2 | 2+3 | 0 | - | - | - | - | 53 | 2 | |||||
2021-2022 | Салернитана | А | 14 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 16 | 0 |
Вкупно во кариерата | 142 | 4 | 14 | 1 | 9 | 1 | - | - | 165 | 6 |
Наводи
уреди- ↑ „Mamadou Coulibaly, migrante calcistico“. Посетено на 2021-08-23.
- ↑ „Bastia vs. Rennes - 8 August 2015 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 29 August 2015.
- ↑ „Entrée heureuse pour Lassana Coulibaly“. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 2021-08-02. Занемарен непознатиот параметар
|lаnguage=
(help); Занемарен непознатиот параметар|datе=
(help) - ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2022-03-02. Посетено на 2022-03-02. Занемарен непознатиот параметар
|lingua=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|data=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|titolo=
(се препорачува|title=
) (help) - ↑ „LASSANA COULIBALY PRÊTÉ AUX GLASGOW RANGERS !“ (француски). Посетено на 2 август 2021.
- ↑ „LASSANA COULIBALY PRÊTÉ AU CERCLE BRUGES KSV !“ (француски). Посетено на 2 август 2021.
- ↑ „Welkom Lassana Coulibaly!“ (холандски). Посетено на 2021-08-02.
- ↑ „Crivelli, Coulibaly è Diallo selezziunati“ (француски). 29 август 2016. Архивирано од изворникот на 2022-03-02. Посетено на 2 август 2021.
- ↑ „Coulibaly à la CAN“ (француски). 3 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 2021-08-02.
- ↑ 10,0 10,1 Во квалификациските кола