Л’нки
Л‘нки или Л’нги (без дијалектна носовка: Л’ки или Л’к/Л’г), познато и како Лок (грчки: Μικρολίμνη, Микролимни, до 1928 г. Λάγκα, Лага[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2211), кои и денес се исклучиво Македонци.[3]
Л’нки Μικρολίμνη | |
---|---|
Црквата „Св. Атанасиј“ | |
Координати: 40°44.44′N 21°6.56′E / 40.74067° СГШ; 21.10933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | 850 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 40 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на источниот брег на Малото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Корбец, односно Богданица и Гуменџа.[3]
Топонимија
уредиОва е список на позначајните топоними во Л’нки и неговата околина:[4]
Бушкани, Врба, Горбец, Глуваро, Граиште, Дупките, Елевчињата, Зиморчето, Ливадје, Лочица, Малоа Ливаичка, Меризо, Меркурија, Присо, Света Петка, Селце и Слого.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XV век во Л’нка по име се запишани 68 глави на домаќинствата.[5]
Постарата црква „Св. Петка“, која е вон самото село, е изградена во XVIII век,[6] додека пак централно поставената „Св. Атанасиј“ е подигната многу подоцна, во 1908 г.[7] Во атарот на селото спаѓа и островот Видринец со неговата Видринечка црква (ΧIII - XIV век), денес во урнатини.
Во XIX век е забележано дека Л’нки било чисто македонско село во Битолската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лаш (Lach) бил осело во Ресенската каза со 15 домаќинства од вкупно 42 жители Македонци.[8][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се состоело од 150 Македонци христијани.[8][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лак се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[11]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Л’к (Lak) имало 120 Македонци, сите под егзархијата.[8][13] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ завел дека Л’к имал 25 македонски куќи.[3]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Л’нки е припоено кон Грција, кога населението броело 203 жители.[3] Во 1920 г. во селото се попишани 202 лица, а во 1928 г. се заведени 360 жители, бидејќи тука било вбројано и соседното Дреново.[3] Истата година властите го преименувале во Микролимни, што е грчки превод на името на езерото (букв. Мало Езеро).[14] Во периодот меѓу двете светски војни, 29 лица од Л’нки се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата. Сепак, во 1940 г. забележано е дека населението пораснало на 316 жители.[3]
Селото многу настрадало во Грчката граѓанска војна, поради што 70 семејства и поединци морале да се иселат во Р Македонија и источноевропските земји.[3] Оттука, според пописот во 1951 г. во Л’нки останале само 96 жители, чиј број во 1961 г. се накачил на 149, за да падне на 114 во 1971 и 71 во 1981 г. На пописот од 1991 г. населението се зголемило на 92 жители,[3] но во следните десетлетија продолжило да опаѓа — на 71 во 2001 и 46 во 2011 г.
Во државно истражување од 1993 г. е утврдено дека селото било чисто „славофонско“, т.е. македонско.[15]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 316 | 96 | 149 | 114 | 71 | 92 | 71 | 46 | 40 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Петка“ од XVIII век
- Црква „Св. Атанасиј“ од 1908 г.
- Видринечка црква од XIII - XIV век на островот Видринец во атарот на Л’нки
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λάγκα - Μικρολίμνη
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 391. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 27 декември 2014.
- ↑ Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр.87
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Надворешни врски
уреди- Л’нки на Ризницата ?
- Страница за Л’нки — портал на Општина Преспа (грчки)