Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново[1]) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција.[2]

Дреново
Κρανιές
Дреново is located in Грција
Дреново
Дреново
Местоположба во областа
Дреново во рамките на Преспа (општина)
Дреново
Местоположба на Дреново во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°43′N 21°06′E / 40.717° СГШ; 21.100° ИГД / 40.717; 21.100
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаЛ’нки
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Население (1961)
 • Вкупноотпишано
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Дреново е сместено на југоисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Л’нки. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. На источната страна на селото се наоѓа планината Голина (дел од планината Врба).

Топонимија уреди

Ова се позначајните топоними во атарот на Дреново:[3]

Веља, Водици, Врба, Гамила, Главките, Голина, Гонецо, Горбец, Горна Лачица, Горна Липица, Гривите, Ѓуро Кошара, Докша, Долна Лачица, Долна Липица, Дреново, Дреновско, Изворо, Капеница, Козјак, Кокоша Нива, Лазоите, Љубражда, Мали Ор, Мало Езеро, Орејчината, Осоо, Присоо, Ресата, Рид, Свети Илија, Странгите, Стрежоо, Умарица, Филаќето, Школото.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Дреново било македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 70 жители, сите Македонци.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 104 Македонци.[4][7]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. Дреново било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 124 жители.[2]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дреново се состоело од 15 македонски христијански куќи.[8]

Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што 28 семејства со 152 души пребегнале во Република Македонија и останатите источноевропски земји, а на преостанатите 27 души не можеле да се вратат во селото бидејќи властите забраниле обнова на селото, па се населиле во соседното село Л’нки.[2]

Население уреди

Меѓу двете светски војни од селото 8 лица емигрирале во прекуокенските земји, 1 лице во Бугарија и 2 во Албанија. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 124 жители
  • 1920 - 115 жители
  • 1928 - заведени под Л’нки
  • 1940 - 150 жители

Наводи уреди

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρένοβο - Κρανιές
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 151.
  3. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 379–380. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 16.

Надворешни врски уреди