Бушкани
поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија
Бушкани — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.
Бушкани | |
---|---|
Координати: 40°47′N 21°07′E / 40.783° СГШ; 21.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Преспа |
Надм. вис. | 853 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало кај источниот брег на Малото Преспанско Езеро, на надморска висина од околу 853 м. Лежело на 2 км југозпадно од П’пли и 1 км северозападно од Оровник.[1] Во неговиот поранешен атар има месност која продолжува да го носи тоа име.
Историја
уредиСелото се состоело од десетина куќи. напуштено е поради покачување на езерската вода и негово поплавување, при што жителите се преселиле во околните села.[2]. Според Владо Јовановски, ова се случило во периодот пред Балаканските војни[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 354. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 144. ISBN 9989-9819-6-5.