Крчишта
Крчишта (дијалектно: Крчишча; грчки: Πολυάνεμο, Полианемо; до 1926 г. Κόρτσιστα, Корциста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање било населено исклучиво со Македонци.[3]
Крчишта Πολυάνεμο | |
---|---|
Координати: 40°32.2′N 21°2.20′E / 40.5367° СГШ; 21.03667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Акритес |
Надм. вис. | 960 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 11 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 27 км западно од градот Костур, близу границата со Албанија.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. со 87 семејства под името Крчиште.[4]
На крајот на XIX век Крчишта било село во Рупишката нехија на Костурската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крчишта (Krtchischta) било село со 67 домаќинства сочинети од 220 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крчишта имало 385 жители Македонци христијани, 30 Турци и малку Арнаути христијани.[5][7] Немакедонското население подоцна се иселило и селото останало чисто македонска населба.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крчишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[8]
Црквата „Св. Матрона Хиоска“ е изградена на крајот на XIX век.[9][10] Познато е дека околу 1892 г. родот Ангеловци (1 куќа) се преселил во соседното Долно Папратско.[11]
На почетокот на XX век жителите на Крчишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 384 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[5][12]
Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 450 жители.[13] Според Георги Константинов Бистрицки, Крчишта пред Балканските војни имал 60 македонски куќи.[5][14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Крчишта има 50 куќи на Македонци христијани.[15]
Во 1907 г. селото имало 60 куќи и било чифлик на пашата од Лесковик. Населението било претежно под патријаршистичко со малку егзархистички жители. Меѓу нив имало поединци што активно ги потпомагале андартските чети во нивните напади на околните македонски егзархиски села како Косинец.[16] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Крчишта имало 45 македонски куќи со 245 жители. Имало црква и училиште.[5][17]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 318 жители кои во 1920 г. се намалиле на 243.[3] Во 1928 г. селото имало 249 жители,[3] од кои само еден бил грчки дојденец.[18]
Во 1926 г. селото е преименувано во Полианемо.
За време на окупацијата во Втората светска војна во 1943-1944 г. во селото се издавал вестникот „Славјано-македонски глас“, орган на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ).[19]
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало. Целото население го напуштило,[3] а 56 деца се изнесени од државатак како деца-бегалци.[20]
Селото е обновено по војната од жители од соседните доселенички села Шак и Ревани. Така, од чисто македонско, селото станало чисто грчко.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 0 | 143 | 59 | 43 | 60 | 63 | 11 | 11 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Антон Панајотов (1873 – 1933) — револуционер на Македонскиот комитет
- Димитар Наковски — селски епитроп и деец на ВМОРО[21]
- Ламбро Георгиев (1877 – ?) — борец во МОО, I чета на VI Охридска дружина[22]
- Михал Апостолов - Гранити (1923-1948) — партизан и деец на СНОФ и НОФ
- Наум Димитров Наковски — шивач и активен деец на ВМОРО[21]
- Коста Антоновски (1912-1947) — партизан и деец на НОФ
- Сотир Андоновски (1918-1985) — партизан и деец на СНОФ и НОФ
- Петре Наковски (р. 1937) — писател и преведувач
- Стојан Наумов — борец во МОО, IV чета на VIII Костурска дружина[23]
- Трпо Наковски — офицер и фотограф, учел во Костур и Атина, загинал во војна[24]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Kortsista -- Polyanemo“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 29 април 2023.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 27. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 116.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 107–108. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ „Οι δύο ενοριακοί ναοί της Αγίας Ματρώνας σε χωριά της Καστοριάς {+ 20 Οκτωβρίου}“. Φως της Καστοριάς. 13 јули 2019. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ „Ασυνήθιστοι ναοί στην περιοχή της Καστοριάς“. Ιστορικά Καστοριάς. 16 декември 2019. Посетено на 29 јануари 2020.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 57.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo Архивирано на 26 јули 2007 г..
- ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 6.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 17.
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., ISBN 954-9514-56-0, стр. 40.
- ↑ Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.213.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo Архивирано на 26 јули 2007..
- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1605. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo., Архивирано од изворникот на 2007-07-26, Посетено на 2008-02-25
- ↑ 21,0 21,1 Колектив (2010). Бежанците от Македония във Варна (сборник - III част). Варна: „Фондация Българи от Македония“. стр. 60.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 160. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 485. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Колектив (2010). Бежанците от Македония във Варна (сборник - III част). Варна: „Фондация Българи от Македония“. стр. 55.