Долно Папратско

село во Костурско, Егејска Македонија

Долно Папратско (грчки: Κάτω Πτεριά, Като Птерија, до 1928 Κονομπλάτι, Кономблати)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Долно Папратско
Κάτω Πτεριά
Долно Папратско is located in Грција
Долно Папратско
Долно Папратско
Местоположба во областа
Долно Папратско во рамките на Костур (општина)
Долно Папратско
Местоположба на Долно Папратско во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°3′E / 40.500° СГШ; 21.050° ИГД / 40.500; 21.050
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000740000000740 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно42
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 21 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во близина на грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 740 метри.

Историја уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 105 жители Македонци[3][4] Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 88 македонски патријаршисти[3][5]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 75 жители[6]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства[7].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Папраско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 11 куќи.[8]

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 442 жители заедно со Горно Папратско, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 103 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Като Птерија.[10]

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Албанија или во социјалистичките земји од Источна Европа.

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 113 жители.[11], додека во 1940 година селото броело 191 жител. На пописот од 1951 и 1961 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека во 1971 година имало 36 жители, во 1981 година имало 28 жители, додека во 1991 година имало 36 жители[12]. Денеска, населението на селото е 42 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 191 36 28 36 42 24
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κάτω Πτεριά
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  6. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kato Pteria“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
  7. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
  10. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.