Крсто Лазаров
Крсто Лазаров Иванов (познат и како Коњушки, Коњушкин, Крсто Кумановски или Ставре)[1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.[2] Тој бил верен заговорник на бугарската кауза за Македонија.[3] Од 1905 до 1931 година бил кумановски околиски војвода и водел борба против српската пропаганда во Македонија,[2] како и против македонските организации кои се залагале за посебноста на македонскиот народ.[4]
Крсто Лазаров | ||
Роден | 1881 Коњух, Кратовско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1944 Кумановско, Македонија |
Животопис
уредиВикиизвор има текст за |
Крсто Лазаров е роден во 1881 година во село Коњух, Кратовско. Во редовите на ТМОРО пристапил во 1900 година. Од 1901 до 1903 година е четник во четата на војводата Јордан Стојанов. Во Илинденското востание како четник учествува во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско. На 15 јануари 1905 година (нов стил) во Куманово го убил поп Ташко, водачот на српската пропаганда во Куманово.[5]
За време на Балканските војни и Првата светска војна, војува за воспоставување бугарска власт во Македонија.[3][6] Во 1911 година, Кумановскиот револуционер и борец за слобода на македонскиот народ, Јордан Бесник заминал дури во Софија, лично да ги провери ставовите на Крсто Лазаров-Коњушки и чии наредби тој исполнувал. Таму дошло до жестоки расправии меѓу него и врховистите, кои му објасниле дека треба да се агитира за голема Бугарија, на што одбил секаква соработка со нив и нивниот послушник Крсто Лазаров и неговата бугарофилска чета.[4] Од 1919 до 1931 година е кумановски околиски војвода, член на Ванчомихајловистичката ВМРО и водел борба против српската власт.
По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, во 1941 година се вратил во Македонија и се ставил во целосна служба на бугарскиот окупатор.[3] Одиграл важна улога за Бугарија, бидејќи земал учество во разбивањето на Козјачкиот партизански одред на 17 октомври 1941 година. Поради
тоа, Бојан Зафировски во весникот „Октобрис“ напишал отворено писмо против него.[7][8] Бил (бугаромански) војвода на Кумановската контрачета[6] со седиште во Матејче, која се борела против македонските партизани.
Кон крајот на 1944 година или во јануари 1945 година, како соработник на бугарскиот окупатор, заедно со уште 50-тина души, се убиени без суд и закопани без трага во Кумановско[9] од македонските државни органи.[6]
Литература
уреди- Христо Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев, Атанас Џолев, Мирчо Кикиритков, „Спомени: премрежињата на македонското револуционерно движење“, „Македонска книга“, Скопје, 2002, 2003.
- „За контраверзите и премрежјата на еден војвода: (борбата на Крсто Лазаров Коњушки)“, „Корени“, Год. 9, бр. 33/34 (март/јуни 2010), стр. 5357-5359.
- Крсто Лазаров Коњушки, „Спомени“, „Корени“, Год. 9, бр. 33/34 (март/јуни 2010), стр. 5360-5411.
Наводи
уреди- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 77
- ↑ 2,0 2,1 Биографиja од саjт за ВМРО
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 167. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Чушкар, Боро (1972). Борбено Куманово 1919-1941. Куманово. стр. 46–48.
- ↑ „Един жесток разказ на кумановския войвода Кръстю Лазаров за сръбската агресивна политика в Македония“, "Сите българи заедно"
- ↑ 6,0 6,1 6,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 266. ISBN 9989-624-46-1.
- ↑ Бојан Зафировски, „Отворено писмо до Крсто Коњушки“
- ↑ Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 63-67 стр.
- ↑ „Църнушанов, Коста. „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него", Университетско издателство „Свети Климент Охридски", София, 1992, стр. 246“. Архивирано од изворникот на 2014-12-29. Посетено на 2010-12-02.