Евпаторија

град во Крим

Евпаторија (руски: Евпато́рия, украински: Євпато́рія, кримскотатарски: Kezlev, наречен „Мал Ерусалим“)[1]град во западниот дел на Република Крим, Русија, на брегот на Црното Море. Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[2]

Евпаторија
Евпатория / Євпаторія / Kezlev
Панорама на Евпаторија
Панорама на Евпаторија
Знаме на ЕвпаторијаГрб на Евпаторија
Евпаторија is located in Crimea
Евпаторија
Евпаторија
Местоположба на Евпаторија во Крим
Координати: 45°11′38″N 33°22′5″E / 45.19389° СГШ; 33.36806° ИГД / 45.19389; 33.36806
Земја Русија (де факто)
 Украина (де јуре)
Република Крим
ОпштинаЕвпаторија
Површина
 • Вкупна120 км2 (50 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население
 • Вкупно123.456
 • Густина1.618,37/км2 (419,160/ми2)
Час. појасMSK (UTC+4)
Пошт. бр.97400 — 97490
Повик. бр.+380-6569
Поранешно имеКезлев (Гезлев) (до 1784 г.)
Мреж. местоkalamit.info

Историја

уреди

Најраното познато населено место на подрачјето на Евпаторија бил градот Керкинитида (Κερκινίτις), основан од грчки колонисти околу 500 г. п.н.е. Подоцна градот (и цел Крим) влегува во владение на персиско-македонскиот понтски крал Митрадат VI „Евпатор“, по кого подоцна е наречен градот.

Од VII до X век Евпаторија бил хазарски град, со име Ѓузлиев (хазарски поим за „убава куќа“).[3] Во следниот период потпаднал под власта на Куманите (Кипчаците), Монголците и Кримското ханство. Во овој период, Кримските Татари го нарекувале Кезлев, а Османлиите Ѓузлеве. Во средниот век, Русите го нарекле Козлов, прилагодувајќи го татарското име.

Подоцна градот станал важен центар на Кримското ханство. Во 1783 г. цел Крим влегува во состав на Руската Империја, и следната година го добива името „Евпаторија“, по древниот крал Митрадат VI Евпатор. Во Кримската војна, vo 1855 г. се случила значајната Битка кај Евпаторија.

Во 1825 г. истакнатиот полски поет Адам Мицкевич ја посетил Евпаторија и тука напишал една од неговите „Кримски сонети“.

Од големо историско значење за градот е четиривековната Џума-џамија — дело на прочуениот отомански архитект Мимар Синан. Тука се устоличувале кримските ханови, кои дури потоа заминувале за престолнината Бахчисарај.

По припојувањето кон Русија, Евпаторија станала седиште на првосвештеникот на Караимите. Од особен интерес е верскиот комплекс на седиштето, со своите три последователни двора и влез во облик на триумфална порта.

Градот денес

уреди

Денес Евпаторија е важно црноморско пристаниште, железничка клучка и одморалиштен град. Во летните месеци населението значајно се зголемува поради многубројните посетители дојдени на летување. Затоа, работата на населението има сезонски карактер — лете има премногу, а зиме премалку работа. Други стопански гранки се рибарството, прехранбената индустрија, винарството, експлоатацијата на варовник, ткајаштвото и изработката на градежни материјали, машини и мебел.

Градот има бањи со минерална вода, соли и лековити калливи езера и претставувал лекувалиште уште во времето на Плиниј Постариот (~ 80 г. п.н.е.).

Две плажи во Евпаторија носат престижното сино знаме од мај 2010 г. Заедно со две плажи во Јалта, ова биле првите со ваков статус во земјите на ЗНД.[4]

Клима

уреди

Евпаторија има влажна суптропска клима (Cfa) според Кепеновата класификација на климата, со свежи зими и топли до врели лета.

Знаменитости

уреди

Позначајни знаменитости на Евпаторија се:

  • Џума-џамија
  • Караимска кенеса
  • соборна црква „Св. Никола Чудотворец“
  • Дервишко теќе

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Yevpatoria
  2. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина")“. Дума на Украина. Посетено на 24 април 2014.
  3. Brutzkus, Julius (1944). "The Khazar Origin of Ancient Kiev", Slavonic and East European Review, стр. 118
  4. Four beaches in Crimea receive international certificates of cleanliness, Kyiv Post (12 мај 2010)

Надворешни врски

уреди