Кримичау
Кримичау (германски: Crimmitschau) — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Кримичау | |
Маниксвалде, дел од Кримичау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Цвикау |
Градски единици | 13 |
Градоначалник | Холм Гинтер |
Основни податоци | |
Површина | 61 км2 |
Надм. височина | 273 м |
Население | 18.567 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 304 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | Z |
Пошт. бр. | 08451 |
Повик. бр. | 03762 |
Портал | www.crimmitschau.de |
Местоположба на градот Кримичау во рамките на округот Цвикау | |
Координати | 50°49′5″N 12°23′15″E / 50.81806° СГШ; 12.38750° ИГД |
Географија
уредиКримичау се наоѓа на реката Плајсе на северните падини на Рудните Планини.
Соседни општини
уредиСоседни градови и општини се: Цвикау, Денхериц, Нојкирхен, Меране и Лангенбернсдорф во округот Цвикау; Хајерсдорф, Јонасвалде, Пониц и Тонхаузен во Тирингија, во округот Алтенбургер Ланд; како и Брауниксвалде, Рикерсдорф и Зелингштет во Тирингија, во округот Грајц.
Градски единици
уредиДелови на Кримичау се Руделсвалде, Лауенхајн, Лангенрајнсдорф, Маниксвалде, Франкенхаузен, Вален, Гезау, Гозел, Габленц, Бланкенхајн, Гроспилингсдорф и Хартау.
Историја
уредиСо проширувањето на Германите на исток, градот Кримичау и замокот со истото име (сега наречен Швајнсбург) биле основани околу 1170 година до 1200 година, како организирана германска колонија. Постоењето на населбата е првпат документирано во 1212 година. Во 1414 година, Кримичау ги добил градските права од грофот Вилхелм Втори.
На 15 март 1844 година, Кримичау бил поврзан на германската железничка мрежа (на саксонско-баварската железница, која подоцна била проширена до Баварија).
Кон крајот на векот, Кримичау биле седиште на текстилната индустрија и бил наречен „Градот на 100. оџаци“ (Stadt der 100 Schornsteine).
Од 22 август 1903 година до 18 јануари 1904 година бил место на еден од најголемите и најдолгите штрајкови во Германското Царство, кој се проширил низ целата држава.
Во 1944 година, некои делови на Кримичау биле бомбардирани од сојузничките сили.
Кон крајот на 1980-тите, голем дел од старите градски градби биле срушени и биле заменети со бетонски еднолични градби. Слични планови постоеле и за јужните предградија, но биле оставени за подоцна, кои на крајот не ни стигнале да се реализираат.
Население
уреди
|
|
Меѓународни односи
уредиКримичау е збратимен со следниве градови:
Музеи
уреди- Западносаксонски текстилен музеј, кој се наоѓа во целосно употреблица текстилна фабрика, порано позната како „Gebrüder Pfau KG“
- Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн
Градби
уредиЗнаменитости се градското собрание, готската парохиска црква Свети Ларент (1513), поранешниот цистерцијански манастир (основан околу 1290) во градската единица Франкенхаузен и отворениот музеј во замокот Бланкенхајн со истото име.
Паркови
уреди- Цефелпарк (Zöffelpark), кој е изграден пред војната и е именуван по Емил Оскар Цефел, важен текстилен производител и филантропист.
- Бизмарк-Хајн, поранешни гробишта, именувани по царскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Овој парк бил познат како Мировен парк (Friedenspark) во текот на Источна Германија.
- Занпарк (Sahnpark), кој се наоѓа северно од градот, е најголемиот парк во Кримичау и содржи отворена бања, парк за животни и стадионот на ETC Кримичау.
Спорт
уредиКримичау е добро познат по неговиот клуб за хокеј на мраз, ЕТК Кримичау, кој се натпреварува во втората германска лига. Градот исто така има и фудбалски клуб, ФК Кримичау и клуб за американски фудбал, Торнадос Кримичау.
Луѓе
уреди- 1909 - Хајнрих Мауерсбергер, (умрел 1982 во Бестензе), инженер и пронаоѓач во текстилната индустрија
- 1954 - Клаус Грунер, ракометар, олимписки првак во 1980
- 1955 - Удо Кислинг, хокеар
- 1961 - Габриеле Цанге, лизгачка на мраз
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Кримичау на Ризницата ?
- Грб на Кримичау Архивирано на 11 август 2012 г.
- (германски) ЕТК Кримичау
- (германски) Заподносаксонски текстилен музеј Архивирано на 8 февруари 2006 г.
- (германски) Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн Архивирано на 5 август 2020 г.