Котелци

напуштено село во Нестрамско, Егејска Македонија

Котелци (грчки: Κοτύλη, Котили; до 1927 г. Κοτέλτσι, Котелци[1]) — напуштено село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција

Котелци
Κοτύλη
Котелци is located in Грција
Котелци
Котелци
Местоположба во областа
Котелци во рамките на Нестрам (општина)
Котелци
Местоположба на Котелци во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°20′N 21°0′E / 40.333° СГШ; 21.000° ИГД / 40.333; 21.000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000011800000001.180 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 11 км југозападно од општинскиот центар Нестрам, високо на пазувите на планината Горуша, на надморска височина од 1.180 м. Поради надморската височина, зимите се прилично остри и извесвно време врските со надворешниот свет се прекинуваат.[2]

Крај селото минува Котелска Река.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Котелци било големо грчко качаунско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Котелци имало 160 жители Грци.[3][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Котелци се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Котелци имало 200 Грци и во селото работело грчко училиште. [6][7] Според грчки извори, во 1905 г. во Котелци имало 200 жители Грци.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 340 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 312.[2]

Во 1927 година, името на селото било променето во Котили (Κοτύλη).

Во текот на Граѓанската војна, селото тешко настрадало и било напуштено од неговите жители. По војната во 1950 г. жителите биле преселени во новото село Ново Котелци, сместено на 2 км од старото село.[2]

Во селото се зачувани црквата „Св. Ѓорѓи“ и Котелски мост.

Стопанство

уреди

Главно занимавање на населението било шумарството, а во помала мера било застапено и земјоделството. Делумно развиено било и сточарството.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 578 0 9 8 7 0 0 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Мостови

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Πανδέκτης: Koteltsi -- Kotyli“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-09-09.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 26.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-10.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kotili Архивирано на 4 март 2016 г..