Лскач (Козјак)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Лскач

Карта

Местоположба 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389
Основни податоци
Место Козјак
Општина Карбинци
Тип

 вила рустика


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Лскач археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува вила рустика од доцноантичко време [1],[2].

Се наоѓа на околу 300 м североисточно од селото, од двете страни на полскиот пат[[Радање-Аргулица и во непосредната близина на наоѓалиштето Турски Гробишта. Во 1954/55 година, во нивата на Ранко и Тирос Иванови од селото Аргулица биле најдени пар чиња од поден полихромен мозаик и од стебла на столбови кои биле однесени во Народн музеј во Штип. Подоцна, во 1967 година, во истата нива, како и во нивата на Димитар Спасов од истото село, е извршено пробно ископување (В. Санев), при што делумно се откриени остатоци од темели на поголем објект - вила рустика, со мал хипокауст и префурниум. Остатоци од слични ѕидови се распознаваат и во другите делови на теренот. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. „Штип“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-25.