Нива на Стојко Тодоров (Козјак)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Нива на Стојко Тодоров“
| |
Местоположба | 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Козјак |
Општина | Карбинци |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Нива на Стојко Тодоров — археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува објект од римско време [1],[2].
На 400 м југоисточно од селото се наоѓа нивата на Стојко Тодоров која лежи на самиот десен брег на Козјачка Река. Во 1965 година, со земјоделските работи е откриена мала скулптурална претстава на тројна Хеката, изработена од бел ситнозрнест мермер. Подоцна, во 1967 година, Музејот од Штип извршил мало пробно ископување. Во сонда долга 10 м и широка 2 м биле откриени делови од темели на објект, ѕидани од речен камен и кал, зачувани со 2 до 3 реда ѕидарија. Освен фрагменти од керамички садови, биле најдени неколку монети од времето на Константин. Објектот му припаѓа на комплексот на античкиот град Баргала.
Поврзано
уреди- Бандера — каструм од римското време;
- Баргала - Кале — Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време - епископски центар;
- Кадин Рид — осамен објект од римското време;
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време;
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време;
- Турски Гробишта — објект од римското време;
- Козјак;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
- ↑ „Штип“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-25.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |