Бандера (Козјак)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бандера

Карта

Местоположба 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД / 41.80833; 22.27389
Основни податоци
Место Козјак
Општина Карбинци
Тип

 каструм


Период римско време
Портал „Археологија“

Бандера археолошко наоѓалиште во штипското село Козјак. Претставува каструм од римско време[1],[2].

Претставува висок рид што се издига на западната страна над селото, на десниот брег на Козјачка Река. Со својата положба доминира над рамнината кон селата Карбинци и Аргулица. На врвот има издолжено плато поставено во правец северозапад-југоисток, на југоисточниот крај малку подигнато и опкружено со стрмни падини. Во 1967/68 година Народниот музеј од Штип извршил пробно ископување отворајќи неколку мали сонди на повеќе места (В. Санев). Пронајдено е дека по целата должина на северниот раб на висорамнинката има остатоци од темели на бедем широк 2 м, ѕидан од речен камен и варов малтер. На југозападната страна, која е поблага иразорана, траги од бедемот не се зачувани. Значајно е тоа што на северозападниот крај на висорамнинката се откриени остатоци од темели на ѕидови, високи 1 ми широки 0,70 м, ѕидани од кршен камен и варов малтер, од мал четвртест објект со димензии од 4 × 4 м. Со оглед на карактерот на наодите, се работи за светилиште посветено на божества од грчко-римскиот пантеон. Поточно, во нивото на подот, кој бил од набиена земја, се најдени триесетина фрагменти од мали ex voto плочки од мермер со претстава на Зевс и Хера, Тракиски коњаник, Херакле и Асклепиј, изведени во плиток релјеф. Сите се со имиња на дедиканти од тракиско потекло или тракизирани латински имиња, клепани со грчко писмо. Според иконографијата, уметничката изведба, лигатура та кај буквите и слично, датирани се меѓу крајот на II и крајот на III век. Светилиштето, а можеби и бедемот, било разурнато во првата половина на IV век. На падините на Бандера, а особено во нивите околу подножјето се наоѓаат римски тули, питоси, така што сите заедно претставувале дел од населбинскиот комплекс на античкиот град Баргала. Наодите се чуваат во Завод и музеј (Штип).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип