Чјин (држава)

феудална кинеска држава
(Пренасочено од Ќин (држава))

Чјин (Вејд-Џајлс) (秦), (778 пр. н. е. до 207 пр. н. е.) — држава за време на раздобјето на пролетта и есента и раздобјето на завојуваните држави во стара Кина. Со текот на времето, таа почнала да преовладува со Кина и на крајот ја обединила како единствена држава за првпат, после што се наведува како династија Чјин. Нејзините владетели се презивале Јинг (嬴).

Чјин
Местоположба на Чјин
Главен градЌуенќу (犬丘)
Ќинји (秦邑)
Ќен (汧)
Пингјанг(平陽)
Јонг(雍)
Ѓингјанг(涇陽)
Јуејанг (櫟陽)
Сјанјанг (咸陽)
Уредување
Валута Стара кинеска пара

Легендарни почетоци и основање на државата Чјин

уреди

Според Сема Ќен, историчар од 2 век пр. н. е. , куќата Чјин го влечела своето потекло од царот Џуансји (еден од петте цареви од легендарното раздобје). Еден од предците, Дафеи, му помогнал на Ју Велики да ја скроти поплавата и за тоа Шуен (кинески водач) го наградил со презимето Јинг.

Преданието вели дека за време на династиите Сија и Шанг, кланот Јинг се поделил на две гранки:

  • западна, која живеела во Ќангќу (犬丘 кучешки рид), во близина на модерниот Тјаншуи во горниот тек на реката Веј.
  • Источна, кој живеела источно од Жолтата Река, и чии членови биле предците на владетелите Џао.

Западните Јинг станале благородници за прв пат во 9 век. Феизи од Чјин му служел на кралот Сјао од Џоу како кралски скротувач на коњи, а како награда го добил Ќунќу (модерен Тјаншуи, провинција Гансу ) и раката на кралската принцеза. Нивната територија била опкружена со варварски (Ронг) земји. Во 9 век, како што се расипувале односите меѓу Западен Џоу и Ронг, државата Чјин била неколкупати нападната од Ронг.

Во 771 година, големиот поход на Ронг довел до пад на Хао (близу модерниот Сиан во провинцијата Шенси), главниот град на Западен Џоу. Принцот од Чјин се обидел да им помогне на кралевите Џоу, а подоцна неговите трупи го штителе повлекувањето на кралот Пинг од Џоу на исток. Кога престолнината на Џоу била воспоставена во Луојанг, Сијанг од Чјин ја добил титулата бо (伯, „гроф“), третото ниво на благородништво после гонг (公, „војвода“) и хоу (侯, „маркиз“) и му било ветено дека сите поранешни земји Џоу што ги ослободил од Ронг ќе му припаднат на Чјин. Ова било поттик за идните принцови од Чјин кои воделе систематски походи против Ронг со цел да ја прошират својата територија од другата страна на границата на Западен Џоу.

Чјин во раздобјето на пролетта и есента

уреди

За време на раздобјето на пролетта и есента (771 - 481 пр. н. е.), владетелите на Чјин биле зафатени со одбрана од западните варвари и многу помалку обрнувале внимание на односите со феудалните држави во средишна и источна Кина. Единствен исклучок билаЃин, која се наоѓала на другиот брег на Жолтата Река. Чјин одржувала дипломатски односи со Ѓин, повремено склучувала сојузи, но и војувала. На почетокот на владеењето на војводата Му од Чјин (秦穆公), државата Ѓин ослабела заради династичките судири меѓу синовите на покојниот војвода Сиан од Ѓин (晋獻公). Војводата Веј (晋惠公) излегол како победник во тие судири, а државата Ѓин, ослабена од војната, се снабдувала со храна и други потреби од државата Чјин. Штом Ѓин закрепнала, станала агресивна кон Чјин, каде што во тоа време избувнала чума. Заради ова, избувнала војна меѓу двете држави, а Чјин го прекинала походот кон запад.

За време на неговите походи против Ѓин, војводата Му од Чјин слушнал дека Чонгер (重耳), еден од синовите на Сиан, бил во прогонство во државата Чу. Војводата Му стапил во контакт со него и му помогнал да дојде на власт како војвода Вен од Ѓин, по што Чјин и Ѓин повторно станале сојузници. Сепак, Вен умрел во 628 година, а една година подоцна, обидот на Му да го освои Џенг (鄭) го довел во судир со војводата Сијанг од Ѓин (晋襄公) кој бил нападнат од заседа во битката кај Јао (модерен Луонинг во провинцијата Хенан) тежок пораз на војската Чјин. Три години подоцна, војводата Му од Чјин започнал одмазднички поход против Чјин и ја победил. Меѓутоа, откако ги закопал коските на своите војници, војводата Му решил да склучи мир со своите источни соседи и целосно се посветил на војните против западните номади. Заради ова, тој бил прогласен за еден од петте хегемони. Војската на Чјин не отишла повторно на исток речиси два века потоа.

Чјин на почетокот на раздобјето на завојуваните држави

уреди

На почетокот на 5 век, односно во раздобјето што идните историчари ќе го наречат раздобје на завојуваните држави, Чјин бил во подредена позиција во однос на неговите источни соседи кои брзо минувале низ голема општествена и културна промена. Причината делумно била затоа што голем дел од населението на државата Чјин се состоел од кинезизирани полуварварски племиња и народи, кои „вистинските“ Кинези ги нарекувале Ронг. Поради ова, Чјин бил презрен од другите кинески држави. Најсериозната закана за државата Чјин, сепак, во тоа раздобје била новосоздадената држава Веј,[б 1] создадена со поделбата на претходната држава Ѓин. Ова било особено очигледно за време на ерата на Ву Ќи, кој помеѓу 413 и 409 година пр. н. е. успеал да го заземе стратешки важниот превој Хангу (函谷关), премин североисточно од денешниот Лингбао во провинцијата Хенан, Тонггуан (潼关), премин во денешната покраина Шенси. Така, за прв пат по многу векови, Чјин ги загубил своите територии западно од Жолтата Река.

Преустројства во 4 век пр. н. е.

уреди

Владетелите на Чјин постепено почнале да воведуваат преустројства со цел Чјин да се стави во рамноправна основа со неговите источни соседи. Ова било особено случај кога војводата Сјао од Чјин (秦孝公) стана на чело на Чјин околу 361 година. Неговата клучна одлука била да го покани угледниот учен Шанг Јанг во својот двор, и да го постави за премиер. Шанг Јанг, познат како еден од творците на филозофскиот правец што во Кина ќе биде познат како легализам, презел низа далекусежни мерки насочени кон зајакнување на државата. Ова првенствено се однесувало на укинување на претходното феудално уредување, односно воведување меритократија и централизиран државен апарат. Функционерите на Чјин престанале да бидат благородници, обични луѓе биле назначени на овие позиции, според заслугите. Благородниците исто така ја изгубиле контролата над војската, т.е. таа паднала под непосредна контрола на владетелот. Резултатот од сето ова беше тоа што Чјин можел да мобилизира многу поголема војска од своите источни соседи и дека таа била подисциплинирана. Централизираниот систем на управа, исто така, го олеснило мобилизирањето на селаните како работна сила за големи јавни работи како што е копањето канали, што со текот на времето му овозможило на Чјин да го развие земјоделското производство, а со тоа да го зголеми своето население и да го олесни одржувањето на неговата постојано растечка војска. Иако преустројствата на Шанг Јанг предизвикале големо незадоволство кај врхушката на Чјин, вклучувајќи го и идниот крал Хуивен, кој по доаѓањето на престолот го погубил Шанг Јанг, тие не биле укинати, бидејќи самиот Хуивен станал свесен за нивните позитивни ефекти на државата и неговото владеење.

Проширувањето на Чјин на крајот на 4 век пр. н. е.

уреди

Со текот на времето моделот на државна управа на Чјин почнал да покажува предности во однос на другите кинески држави. Хуивен бил толку убеден во неа што се прогласил себеси за крал во 325 година, со што ги отстранил последните формални траги на верност кон номиналните владетели на династијата Џоу, со што поттикнал тренд меѓу другите владетели на кинеските држави. Во 318 година, Чјин се соочил со коалиција од пет источни држави - Веј, Џао, Хан, Јан и Чу - но нивната војска, иако според кинеските историчари била поголема од онаа што успешно навлегла во Чјин неколку децении порано, била поразена кај превојот Хангу. Откако ја отстранил опасноста од неговите источни граници, Чјин го насочил своето внимание кон југ и започнал голем поход при кој во 316 година биле освоени полуварварските држави Шу и Ба на територијата на денешната провинција Сечуан. Со ова, Чјин стекнал нови територии возводно по долината на реката Јангце, во кои, за разлика од Чјин, армиите на противничките држави тешко можеле да навлезат. Така Чјин се здобил со сигурен извор на храна, суровини и работна сила, а со тоа се здобил со клучна предност во однос на другите кинески држави.

Проширувањето на Чјин на почетокот на 3 век пр. н. е.

уреди

Првата голема кинеска држава која се соочила со демонстрација на новата моќ на Чјин била државата Чу. Кралот Хуивен, на предлог на неговиот премиер Џанг Ји (張儀), започнал голем воен поход што резултирал со низа воени успеси, од кои најспектакуларниот било заробувањето на кралот Хуаи од Чу во 299 година пр. н. е. Чјин успеал да ја освои и престолнината на Чу, остатоците од чија војска и управа се повлекле на исток.

Новиот владетел на Чјин, кралот Џаосјанг од Чјин, го насочил вниманието на својата држава, односно нејзиното проширување, на север. За таа цел, бил склучен сојуз со државата Ќи, и на тој начин главните противници на Чјин - државите Хан и Веј - се нашле пред војна на два фронта. Тие постепено почнале да губат територии и биле сведени на еден вид тампон-држава меѓу Чјин и преостанатите велесили на Стара Кина, првенствено државата Џао. Во 260-тите години пр. н. е. борбата за доминација со нив го довела Џаосјанг во судир со Џао, што ќе се претвори во епска двегодишна битка кај Чангпинг. Таа, благодарение на целосната мобилизација на Чјин и талентот на бескрупулозниот војсководец Бај Ќи во 260 пр. н. е. завршил со пораз на Џао, но не бил во можност да биде искористен од Чјин поради расправијата помеѓу Бај Ќи и премиерот Фан Ју. Неуспехот на силите на Чјин да го заземат Хандан, престолнината на Џао, како и доаѓањето на силите на државите Чу и Веј да му помогнат на Џао, довеле во 257 година пр. н. е. до мировен договор со кој Чјин изгубил дел од новоосвоените територии, а со тоа и неговото проширување било привремено запрено. Меѓутоа, веќе следната година, трупите на Чјин го зазеле Луојанг и го истерале последниот номинален кинески владетел од династијата Џоу, со што го означиле нејзиниот крај.

Обединување на Кина

уреди

Клучната година за државата Чјин, како и за остатокот од Кина, била 247 г. пр. н. е. кога на престолот дошол тринаесетгодишниот Јинг Џенг, кој себеси се нарекувал Чјин Ши Хуангди, и кој првите години од своето владеење ги посветил на подготовки за последната пресметка со преостанатите шест од седумте завојувани држави кои тогаш владееле со територија на поранешната династија Џоу. Тие вродиле со плод кога во 230 г. пр. н. е. Чјин ја нападнал и ја припоил државата Хан, а потоа во 228 г. пр. н. е. и државата Џао, која сè уште закрепнувала од своите страшни загуби во битката кај Чангпинг. Потоа во 225 г. пр. н. е. следел стариот непријател на Чјин - државата Веј.

За разлика од претходните три држави, кои веќе биле ослабени, Јинг Џенг ја избрал Чу како своја следна цел, која и покрај загубите во војната со Чјин на почетокот на векот, била помоќна. Првиот обид - во 225 г. пр. н. е. - бил неуспешен, но следниот поход довел до соборување и анексија на Чу. Потоа Чјин ја нападнал државата Јан во 223 г. пр. н. е. , додека најисточната и најоддалечената држава Ќи се предала без борба. После тоа, Џенг од Чјин се прогласил себеси не само за крал на Чјин, туку и за прв цар на цела Кина, преземајќи титула претходно резервирана за митските владетели од далечното минато на Кина . Оттогаш, со мали прекини, го користеа сите кинески владетели до падот на династијата Чјинг и воспоставувањето на републиката во 1911 година. Потоа Џенг, користејќи крајно брутални методи, го стандардизирал писмото, мерките и јазикот на освоените подрачја, создавајќи ја основата на единството не само на кинеската држава, туку и на нацијата.

Владетели

уреди

Сите датуми одговараат на информациите од 14-то и 15-то поглавје на Шиџи.

  1. Чјин Џонг (秦仲), владеел од 845 пр. н. е. до 822 пр. н. е.: правнук на Феизи
  2. Војвода Џуанг (莊公), владеел од 822 пр. н. е. до 778 пр. н. е.: Јинг Је (也), син на Чјин Џонг
  3. Војвода Сјанг (襄公), владеел од 778 пр. н. е. до 766 пр. н. е.: син на војводата Џуанг
  4. Војвода Вен (文公), владеел од 766 пр. н. е. до 716 пр. н. е.
  5. Војвода Нинг (寧公), владеел од 716 пр. н. е. до 704 пр. н. е.
  6. Принцот Чу (出子), владеел од 704 пр. н. е. до 698 пр. н. е. , узурпаторот, затоа не ја добил постхумната војводска титула
  7. Војвода Ву (武公), владеел од 698 пр. н. е. до 678 пр. н. е.: син на војводата Нинг
  8. Војвода Де (德公), владеел од 678 пр. н. е. до 676 пр. н. е.: син на војводата Нинг; помладиот брат на војводата Ву
  9. Војвода Суан (宣公), владеел од 676 пр. н. е. до 664 пр. н. е.: син на војводата Део
  10. Војвода Ченг (成公), владеел од 664 пр. н. е. до 660 пр. н. е.: син на војводата Део; Помладиот брат на војводата Суан
  11. Војвода Му (穆公), Јинг Ренхао (任好), владеел од 660 пр. н. е. до 621 пр. н. е.: син на војводата Део; Помладиот брат на војводата Ченг
  12. Војвода Канг (康公) : Јинг (罃), владеел од 621 пр. н. е. до 609 пр. н. е. син на војводата Му
  13. Војвода Гонг (共公): Јинг Дао (稻), владеел од 609 пр. н. е. до 604 пр. н. е.
  14. Војвода Хуан (桓公): Јинг Ронг (榮), владеел 604 пр. н. е. до 577 пр. н. е.
  15. Војвода Џинг (景公): Јинг Хоу (後), владеел 577 пр. н. е. до 537 пр. н. е.
  16. Војвода Ај (哀公), владеел од 537 пр. н. е. до 501 пр. н. е.
  17. Војвода Хуи (惠公), владеел од 501 пр. н. е. до 491 пр. н. е.: внук на војводата Ај; син на постхумно назначениот војвода Ји (син на војводата Ај)
  18. Војвода Дао (悼公), владеел од 491 пр. н. е. до 477 пр. н. е.
  19. Војвода Ли (厲公): Јинг Ци (刺), владеел 477 пр. н. е. до 443 пр. н. е.
  20. Војвода Зао (聁公), владеел од 443 пр. н. е. до 429 пр. н. е.: син на Војвода Лиј
  21. Војвода Хуаи (懷公), владеел од 429 пр. н. е. до 425 пр. н. е.: син на Војвода Лиј; помлад брат на Војвода Зао
  22. Војвода Линг (靈公): Јинг Су (肅), владеел 425 пр. н. е. до 415 пр. н. е.: внук на војводата Хуаи
  23. Војвода Џијан (簡公): Јинг Даози (悼子), владеел 415 пр. н. е. до 400 пр. н. е.: син на војводата Хуаи; внук на војводата Линг
  24. Војвода Хуи II (惠公), владеел 400 пр. н. е. до 387 пр. н. е.: син на војводата Џијан
  25. Војвода Чу (出公), владеел од 387 пр. н. е. до 385 пр. н. е.: син на војводата Хуи II
  26. Војвода Сиан (獻公): Јинг Шити (師隰), владеел 385 пр. н. е. до 362 пр. н. е.: син на војводата Линг
  27. Војвода Сјао (孝公), владеел од 362 пр. н. е. до 338 пр. н. е.: син на војводата Сиан
  28. Кралот Хуивен (惠文王), владеел од 338 пр. н. е. до 311 пр. н. е., познат и како кралот Хуи (惠王): Јинг Си (嬴駟), почнал да ја користи кралската титула во 325 пр. н. е.
  29. Кралот Ву (武王): Јинг Данг (蕩), син на кралот Хуивен
  30. Кралот Џаосјанг (昭襄王): Јинг Зе (则) или Јинг Џи (稷), познат и како крал Џао: син на кралот Хуивен, помлад брат на кралот Ву
  31. Кралот Сјаовен (孝文王): Јинг Џу (柱): син на кралот Џаосјанг
  32. Кралот Џуангсјанг (荘襄王): Јинг Зичу (子楚)
  33. Чјин Ши Хуанг (秦始皇): Јинг Џенг (政), владеел од 247 пр. н. е. до 221 пр. н. е. (како крал на Чјин (秦王) , како прв цар (始皇帝) од 221 пр. н. е. )
  34. Чјин Ер Ши (秦二世): Јинг Хухаи (胡亥), владеел 210 пр. н. е. до 207 пр. н. е.
  35. Зијинг (子嬰), владеел од 207 пр. н. е.

Белешки

уреди
  1. Да не се меша со подоцното кралство Веј (卫))

Надворешни врски

уреди